Запалени две возила на ЕВН во Тетово


Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.   -Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, …

Запалени две возила на ЕВН во Тетово Read More »

Ердоган: Секој напад врз Турција ќе резултира со висока цена


Турција – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека секој напад врз турскиот брод шtо истражува нафта и гас во спорните води na Средоземно Море ќе резултира со висока цена. – Кажавме дека ако го нападнат „Оруч Реис“ ќе платат висока цена, а тие денеска го добија својот прв одговор, истакна Ердоган синоќа без …

Ердоган: Секој напад врз Турција ќе резултира со висока цена Read More »

Заев: Македонија ќе добие влада која го следи европскиот пат


Течат роковите од 20 дена за формирање влада, откако шефот на државата Стево Пендаровски вчера му го довери мандатот на лидерот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ Зоран Заев, која на предвремените парламентарни избори на 15 јули освои најмногу мандати. Лидерот на СДСМ Заев во изјавата по добивањето на мандатот за составување нова влада рече дека …

Заев: Македонија ќе добие влада која го следи европскиот пат Read More »

Почнува Богородичниот пост


За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни …

Почнува Богородичниот пост Read More »

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, Чаир се уште на врвот


Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.848 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички. Регистрирани се 175 оздравени пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата …

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, Чаир се уште на врвот Read More »

Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот


ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово. Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – …

Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот Read More »

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ-8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. …

Сончево и топло со мала до умерена облачност Read More »

Најубавата бринета стана русокоса: Катарина Ивановска со нов изглед


Топ-моделот со светска кариера Катарина Ивановска светските писти ги замени со реклами за домашни брендови и му се посвети на семејството. Манекенката која често споделува фотографии од приватниот живот каде во фокусот се нејзините пријателки и двете деца, Ивановска сега на социјалните мрежи се пофали за новиот изглед. Вечната бринета стана русокоса и ја подели …

Најубавата бринета стана русокоса: Катарина Ивановска со нов изглед Read More »

Пушењето е-цигари значително го зголемува ризикот од коронавирус


Пушењето влијае врз белите дробови на младите и тие почесто заболуваат од Ковид-19 од непушачите. Тоа сега го докажаа истражувачите од Медицинскиот универзитет во Станфорд   Тинејџерите и младите возрасни лица кои редовно пушат е-цигари заболуваат многу почесто и во потешка форма од Ковид-19 отколку непушачите во иста возраст. Првпат тим медицинари на чело со …

Пушењето е-цигари значително го зголемува ризикот од коронавирус Read More »

Британската полиција со поголеми овластувања


Англија – Во Велика Британија од денска стапува во сила уредбата со која полицијата има  овластувања да ги запира и апси лицата на граница со цел да спречи шпионажа и странско мешање. Уредбата наречена Документ за борба против тероризмот и безбендст на границите, донесена е поради случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал, кој во март 2018 …

Британската полиција со поголеми овластувања Read More »

Заев: Ќе успеам да формирам Влада


Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим. Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев …

Заев: Ќе успеам да формирам Влада Read More »

Заедничка воена вежба на Грција и Франција во Источниот Медитеран


Грција – Во рамките на воената соработка на Грција и Франција, денеска беше одржана поморска воена вежба во морскиот дел на Источниот Медитеран, во која учествуваа грчки и француски фрегати, јави дописничката на МИА од Атина. Од Генераштабот на Грција соопштуваат дека воената вежба била и во морскиот дел во кој Турција во понеделникот, „со нелегалната …

Заедничка воена вежба на Грција и Франција во Источниот Медитеран Read More »

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава


Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука. Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба …

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава Read More »

Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата


Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност од целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни …

Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата Read More »

За викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи


Утре попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Времето за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град, информираат од …

За викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи Read More »

Нов протокол за влез во Грција на преминот „Евзони“ од 17 август


Од понеделник 17 до 31 август 2020 часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински …

Нов протокол за влез во Грција на преминот „Евзони“ од 17 август Read More »

Галичка ликовна колонија со 18 уметници, странските ќе учествуваат онлајн


Во Галичник задутре, 15 август, ќе почне 31. Ликовна колонија на која таму ќе престојуваат и творат девет македонски уметници, а девет странски, кои се предложени од нивни македонски колеги, ќе учествуваат онлајн поради пандемијата со КОВИД-19.  „Коегзистенција” е годинава тема на Галичката ликовна колонија и ја третира (загубената) релација помеѓу природата и човекот. Колонијата …

Галичка ликовна колонија со 18 уметници, странските ќе учествуваат онлајн Read More »

СЗО: Раст на бројот на заразени со Ковид-19 во светот


Швајцарија–  Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа. Најголем број потврдени случаи се уште во Северна и Јужна Америка, …

СЗО: Раст на бројот на заразени со Ковид-19 во светот Read More »

Берлускони има своја Леди Гага, претходната ја исплати со 20 милиони евра


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се чини дека потврди дека е во нова врска со многу помлада жена, набргу откако се согласи на мултимилионската спогодба со неговата многу помлада поранешна девојка. Марта Фашина (30) беше фотографирана како се држи со рака со г. Берлускони (83) во неговата луксузна Вила Сертоса во Сардинија, бидејќи тие …

Берлускони има своја Леди Гага, претходната ја исплати со 20 милиони евра Read More »

Галиција забрани пушење на улици и јавните места


Шпанија – Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија. Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, …

Галиција забрани пушење на улици и јавните места Read More »