„Без култура, нема иднина“: Голи актерки протестираа против локдаунот на француските Оскари


Париски „Фигаро“  синоќешното доделување на француските Оскари го нарече  „најкатастрофалната церемонија во историјата од создавањето на Цезарите. Рекордот беше тешко да се собори, особено по минатогодишното фијаско“   Франција- Француска актерка се соблече гола на сцената на доделувањето на филмските награди на француската кинематографија Цезарз во Олимпија -во знак на протест за повеќемесечниот локдаун и […]

Лидери на пет членки на ЕУ предупредуваат на големи разлики во дистрибуцијата на вакцините


Белгија– Лидерите на пет членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки. Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека […]

40 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“


  Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одебележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“. – Денеска Специјалната антитерористичка единица, популарно позната како […]

Тешко повредени две лица од кочанската Брза помош и пациент во сообраќајка кај селото Крупиште


Возач, медицинска сестра и тешко болен пациент од коронавирусот од Кочани се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште. Со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но портпаролот Марина Шуманска вели дека по прегледот и поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар […]

Вкупно 589 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, слободни околу 400 кревети


Вкупно 589 пациенти позитивни или суспектни на корона вирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ државата, покажуваат податоците од Министерството за здравство за изминатите 24 часа.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, а во болницата во Штип 38 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува […]

Мајами го сретна Медитеранот: Диџеј Калед и „Долче и Габана“ се здружија за колекција за плажа


САД-Долче и Габана се приклучија на долгата листа на соработници на Диџеј Калед. Италијанската модна куќа се здружи со наградуваниот хитмејкер на ексклузивната колекција опишана како „Miami-meet-Mediterranean“. Капсулата се состои од облека за на плажа и унисекс парчиња прет-а-порте , вклучително и тренерки, панталони, панталони и додатоци, сите во живописни бои и модели со тропски […]

Џенифер Лопез и Алекс Родригес се разделија по четири години


САД– Една од најстабилните двојки во Холивуд, Џенифер Лопез и Алекс Родригес ја откажаа свршувачката после две години и веќе не живеат заедно, објавија американските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Една од најславните двојки во САД беше заедно од почетокот на 2017 и го доби прекарот Џеј-Род откако заедно се појави на насловната страница […]

МНТ почна со пробите на претставите со Звездана Ангеловска, Никола Ристановски и Александар Микиќ


На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекти поддржани од годишната програма на Министерството за култура за годинава, соопштија од таа национална установа. Претставата „Само глас“ од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светло. Во неа играат првенците на МНТ, […]

Со „Збогум идиоти“, Алберт Дипонтел триумфираше на француските Оскари


Франција– Филмот Adieu les cons (Збогум идиоти) на Алберт Дипонтел беше награден седум пати на синоќешната церемонија на доделувањето на филмските награди на француската кинематографија Цезар, особено во две категории: најдобар режисер и најдобар филм, јави дописникот на МИА. Алберт Дипонтел триумфираше во Олимпија и покрај неговото отсуство. Фаворит на 46. церемонија на Цезар заедно […]

Евровизискиот спот на Гарванлиев во фокусот: Уметничко дело на Жанета Вангели го смешаа со бугарско знаме


Кадар од спотот за евровизиската песна на Васил Гарванлиев  “Here I stand“ снимен во Даут пашин амам во Скопје предизвика негативни реакции во јавноста. Во кадарот е фатена уметничка слика која наликува на вертикално поставено бугарско знаме. Станува збор за делото на Жанета Вангели “Омаж на Андреј Рубљов” од 1995 создадено во комбинирана техника на иверка […]

Да се почне одново: Театролози ќе трагаат по автентичен модел на македонскиот театар


Целта на проектот, чиј глодус е проф.д-р Јелена Лужина заедно со експертски тим од неколкумина домашни и меѓународни театролози, е да истражи која е и каква е потребата од промена на македонскиот театар во потрагата по неговиот автентичен модел низ европските стандарди   На прес-конференцијата одржана во Националната Опера и Балет, Народниот театар „Јордан Хаџи […]

Во светот досега вакцинирани 335,3 милиони луѓе


САД –  Во светот до денеска се вакцинирани против коронавирус 335,3 милиони луѓе во светот, што е 4,4 жители на 100 луѓе, пренесува Њујорк тајмс. Најмногу се вакцинирани во САД – 98,2 милиони луѓе, по што следат повеќе од 24 милиони луѓе во Велика Британија. Над 10 милиони луѓе се вакцинирани во Бразил, повеќе од 8,7 […]

Полковник Ковачки казнет шест месеци со по 30 проценти од плата поради закана кон началникот на ГШ генерал-потполковник Ѓурчиновски


 „Долга е раката на ВМРО“ е заканата на полковникот Драган Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, кон началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски преку вибер комуникација на која покрај заканата, клеветел и обвинувал. Пред еден месец, од како Ковачки поднесе кривична пријава против министерката за одбрана […]

Мареј нема да настапи во Дубаи поради принова во семејството


Англија– Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат. Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), какои едногодишниот син Теди. Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде […]

Карантинот во Грција продолжен за уште една седмица, училиштата затворени до 29 март


Грција – До 29 март ќе бидат затворени основните и средните училишта во цела Грција и од вторник, онлајн настава ќе следат и учениците во деловите од земјата каде што се одржуваше редовна настава со физичко присуство, а паралелно карантинот и рестрикциите во Грција се продолжуваат за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. […]

СЗО ја одобри вакцина на Џонсон и Џонсон за итна употреба


САД– Светската здравствена организација денеска ја одобри вакцината на Џонсон/Џонсон против Ковид-19 за итна употреба. СЗО „ја вклучи вакцината против Ковид-19 Ad26.COV2.S развиена од Џансен (Џонсон и Џонсон), во списокот на препарати за итни случаи во сите земји и за (Меѓународен механизам за пристап до вакцини)“, се наведува во соопштението од оваа организација. СЗО потсети […]

Јапонија не сака кинески вакцини за своите олимпијци


Јапонија – Јапонските власти не се согласуваат со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја прифати понудата Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и во Пекинг, јавија денеска светските агенции. Министерката во Владата на Јапонија задолжена за организација на Игрите, Тамајо Марукава, посочи дека МОК не ја […]

Откријте ја Македонија со „Фешн груп“: Модно патување со балкански ѕвезди


Оваа пролет носи посебна приказна со себе, приказна за слободата и сета нејзина убавина… Овојпат, Fashion group ви раскажува сосема нови, поинакви авантури на кои знаат дека ќе се радувате… Пролетната кампања на Fashion group ве води на некои од најмагичните места низ нашата земја, прикажувајќи ги новите колекции кои се како создадени за поинаква […]

„Автобиографија на човекот-Гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан Трафик“ во Брисел 


Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, кој 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април, оваа година го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите од Југоисточна Европа. -Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“, којшто е прикажан на повеќе фестивали […]

Јована Јоксимовиќ, сопругата на Жељко Јоксимовиќ е новиот главен уредник на Танјуг


Србија–   Нов главен и одговорен уредник на Танјуг е Јована Јоксимовиќ, јавија белградските медиуми. Јоксимовиќ рече дека новинската агенција Танјуг повеќе не е јавно претпријатие и дека сите нејзини услуги се регистрирани во компанијата „Тачно“ д.о.о. чиј директор е Мања Грчиќ. Според договорот со Републичката дирекција за имот, трговската марка Танјуг и е дадена […]