Од ковид почина легендарниот српски композитор Зоран Симјановиќ


Србија-Српскиот композитор Зоран Симјановиќ почина како последица на коронавирусот на 75-годишна возраст. Симјановиќ беше хоспитализиран пред две недели, откако се зарази со Kовид-19 по враќањето од скијање на Копаоник.

Роден во Белград, Симјановиќ компонираше музика за 66 играни филмови, 55 ТВ-филмови и серии, како и повеќе од 50 театарски претстави, документарци и цртани филмови. Негова е музиката за култните југословенски филмови „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Јагоди во грлото“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“… серијата „Бос в трње“ (Грлом у јагоде).