Паметењето на поезијата


Во спомен на големиот шпански и македонски поет Хусто Хорхе Падрон

КИЦА КОЛБЕ

Кога си заминуваат големи поети како Хусто Хорхе Падрон (Justo Jorge Padròn,1943-2021), светот за миг занемува. Затоа што најкревкото, поетскиот збор, секогаш прави светот да почне да жубори и шумоли. Кога светот ќе го напушти поетот кој ја изговараше космичката болка, од темницата на болката во пандемијата која го замолкна неговиот глас, неговите поетски зборови почнуваат да блескаат со светлината на ѕвездите на небото. Загубата на голем поет, кој во љубовта кон својата Клео го посвети својот поетски збор на нејзината Македонија со истата сила, како што таа се вплоти себеси со сета душа во неговата Шпанија и во шпанскиот јазик, е болна и за секој Македонец што ги познава и почитува обајцата. Тој не ја опеа само родната Шпанија, туку и родината што ја избра со љубовта кон Клео – Македонија.

Линк до целата колумна на Дојче Веле тука