Марија Бакалова во „Армани“ на црвениот килим на „БАФТА 2021“


Англија– Младата бугарска актерка Марија Бакалова   (25) избра романтичен фустан на „Армани“ за црвениот килим на „БАФТА 2021“ во Лондон. Со оглед дека гала настанот беше виртуелен, таа го избра елитниот хотел „Риц“ за гламурозен амбиент со англиски шмек.

Младата актерка беше првата Бугарка која беше номинирана за годинешниот „Златен глобус“ , во категоријата филмска комедија или мјузикл за нејзината улога на Тутар – ќерка во филмот „Борат 2“, покрај Мишел Фајфер, Ања Тејлор-Џој, Кејт Хадсон и Розамунд Пајк.

Марија Бакалова откри дека „срцето ѝ чукало како лудо“ за време на нејзината „скандалозна сцена“ со Руди Џулијани во „Борат 2“.

– Тој беше адвокат на претседателот, а тие луѓе обично се поприлично паметни. Не сум сигурна дека го видов тоа како што го гледаа сите други. Саша се криеше во плакар, обидувајќи се да ја спаси својата ќерка – но тој ме спаси мене, Марија! Како продуцент и творец, тој е и мојот учител и ангел чувар, раскажува таа.

Бакалова досега глумела во неколку филмови пред нејзиното големо деби во „Борат 2“. Меѓу нив се бугарските „Престап“, „XIIа“ и „Таткото“. Играла и една од главните улоги во „Како за последен пат“ и во неколку епизоди од веб-серијата „Типично“.

Глумицата откри дека имала мало искуство во работење на комедии пред да биде фрлена „во длабочините“.

– Половина од мојот живот го посветив на глумата. Но, повеќето улоги што ги играм беа драматични – од бремени тинејџерки возраст до самоубиства. Значи, комедијата не беше моја работа, вели Марија.

Следната нејзина улога е во комедијата на Џад Апатиу – „Меурот“ и вели дека „Борат 2“ добро ја подготвил за проектот.