Пентагон ги приземји сите ловци Ф-35


САД– Американското Министерство за одбрана донесе одлука за приземјување на сите ловци „Локид Мартин Ф-35“, поради уривањето на еден борбен авион од овој тип минатиот месец. Со оваа одлука времено се одложени и сите борбени мисии на авионите Ф-35 во Авганистан. Решението е донесено откако е утврдено дека причина за уривањето на леталото минатиот месец …

Пентагон ги приземји сите ловци Ф-35 Read More »

(Видео) Здравко Чолиќ со нов спот и втор концерт во Скопје


Песната “Ničeg nije bilo između nas”, која ја освои целата публика во регионот, петтата нумера од новиот албум на Здравко Чолиќ, доби спот. Ова дело е со потпис на Александар Сретеновиќ, а аранжманот на Никша Братош. „Сензуалните сцени кои ги снимавме, досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на …

(Видео) Здравко Чолиќ со нов спот и втор концерт во Скопје Read More »

Дајна Пауел не сака да биде амбасадорка на САД во ОН


САД – Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелна директорка во банката „Голдман Сакс“, Дајна Пауел одбила да ја прифати должноста постојан претставник на САД во ОН, соопшти неименуван извор во Белата куќа. По најавеното повлекување од функцијата на актуелната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли до крајот на годината, Трамп во вторникот соопшти дека …

Дајна Пауел не сака да биде амбасадорка на САД во ОН Read More »

Само во август, 349 Македонци побарале азил во ЕУ


Белгија-Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Се уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите (пендинг). Во јули бројката на барања од Македонија …

Само во август, 349 Македонци побарале азил во ЕУ Read More »

(Фото) Ивана Кнез за силни жени: Јас во “Сенка“


Дизајнерката и колумнист Ивана Кнез секогаш е во центарот на вниманието со својата креативност, општествен ангажман и приватниот живот, ама за новата лимитирана колекција, реши да биде во сенка и фокусот да го пренесе на драматичните тоалети од брокат, свилена тафта, неопрен и чипка. „Оваа есенска лимитирана колекција која ја насловив „Сенка“ го опишува мојот …

(Фото) Ивана Кнез за силни жени: Јас во “Сенка“ Read More »

Вајнстин ослободен од едно од петте обвиненија за силување


САД– Њујоршкиот суд вчера го отфрли една од шестте точки од обвинението против продуцентот Харви Вајнстин, кој е обвинет и на кој му се суди за силување. Судот во Њујорк го отфрли обвинувањето од Луси Еванс, според која, Вајнстин ја натерал на орален секс во неговата канцеларија во 2004 година. Таа имала 21 година и …

Вајнстин ослободен од едно од петте обвиненија за силување Read More »

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ во Индонезија


Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ). Во рамки на …

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ во Индонезија Read More »

Почнува петтиот Меѓународен фестивал за детски театар „Фенер“


Под мотото „Тука растат“, од денеска до недела на сцената на Драмскиот театар во Скопје ќе се одржува петтото издание на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“ во продукција на Буден Театар. Во фокусот на програмата е екологијата и нашата одговорност да им обезбедиме на децата чиста и здрава животна средина. Како предвесник на фестивалот, Буден Театар ја спроведе кампањата „Мижи! …

Почнува петтиот Меѓународен фестивал за детски театар „Фенер“ Read More »

Романските готвачи најуспешни на „ГастроМак 2018“


Тимот на готвачите од Романија освои најмногу награди на Третиот меѓународен гастрономски натпревар-„ГастроМак Македонија 2018“, што заврши синоќа во Струмица. Според шефот на романскиот тим, Сара Драгојлу, дури во третото учество на оваа манифестација успеале да го освојат престижното признание. – Трета година по ред учествуваме на „ГастроМак 2018“ со свои тимови, но оваа година …

Романските готвачи најуспешни на „ГастроМак 2018“ Read More »

Рамадани: Пратениците го имаат целиот легитимитет да не внесат во НАТО


Доколку уставните измени не поминат во Собрание, Македонија ги губи шансите за членство во НАТО. Пратениците треба да превземат одговорнст, со сиот ризик  пред нивните симпатизери, да ги изгласаат амандманите бидејќи во моментов се најодговорни во државата, порача претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани. Рамадани вели дека  пратениците се единствени во вакви ситуации …

Рамадани: Пратениците го имаат целиот легитимитет да не внесат во НАТО Read More »

„Вашингтон Пост“: Турција поседува докази дека Кашоги е убиен


САД – Турската Влада информирала високи американски претставници дека поседува видео и аудио записи, кои докажуваат дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, тврди весникот „Вашингтон Пост“. Весникот, чиј соработник беше Кашоги, наведува дека снимките укажуваат оти припадници на судиските безбедносни служби го привеле Кашоги по неговото пристигнување во …

„Вашингтон Пост“: Турција поседува докази дека Кашоги е убиен Read More »

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ и „Титаник 3“. Со читање на СМС пораки треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид. Во „Траекторија“ обвинети се …

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Титаник 3“ Read More »

Сончево и топло, до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекува брзината на ветерот да достигнува до околу 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до …

Сончево и топло, до 27 степени Read More »

Хороскоп:Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Целосно посветени во постигнување на некоја идеја, доаѓате до трансформација во својот живот. Месечината во Стрелец ги пронаоѓа вистинските луѓе за вас и она што стагнираше, сега почнува да се ослободува. Успешно привршување на некој проект. БИК: Повеќе аспекти укажуваат дека вашата сила е уште во латентна фаза, така што ако сте нетрпеливи и секогаш ориентирани …

Хороскоп:Што велат ѕвездите за викендов Read More »

Виолета Томовска до жените заболени од канцер: Поддршката на семејството е најважна


Виолета Томовска (73), првата дама на македонската народна музика, на 38 години, во екот на популарноста, се разболе од рак на двете дојки. Триесет и пет години подоцна, иако е во пензија, по 57 години кариера, здрава и полна со енергија, волја и бисерен глас, снима аманет-песни, одржува концерти, и со помош на антиканцер здружението …

Виолета Томовска до жените заболени од канцер: Поддршката на семејството е најважна Read More »

Дани на „Макфест 2018“: Новата модна кралица на попот


Низ годините, секогаш беше на врвот на мојата листа на најдобро облечени поп-ѕвезди. Сама ја избираше гардеробата, без стилист. Тенка е линијата од фина елегантност до рокерска откаченост. На фестивалот „Макфест 2018“, кој викендов се одржа во Штип, Дани со својата нова вита става, соодветна шминка и фризура и во светлосивата долга тоалета на дизајнерката …

Дани на „Макфест 2018“: Новата модна кралица на попот Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за празникот


ОВЕН: Маските паѓаат и вистината излегува на површина – откривањето на подлабоката вистина прави место за внатрешна истрага – со голема интуиција доаѓате до важни информации. Во личната сфера е добро да го спуштите гардот и да ја откриете својата ранлива страна. БИК: Можеби ќе се сретнете со некакви тешкотии или нејаснотии, а поради што може да …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за празникот Read More »

„Кој е тука идиот“ со две претстави во Скопје


Хит театарската претстава “Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1. ноември, во Дом на АРМ, во Скопје, во 20 ч. Билетите за претставата се скоро распродадени и поради големиот интерес закажана е уште една претстава која ќе се одигра на 2. ноември, во истиот термин. Главните улоги во претставата која ги освои симпатиите …

„Кој е тука идиот“ со две претстави во Скопје Read More »

„Вашингтон пост“: Кашоги влегол во саудискиот Конзулат, но не излегол


САД– Весникот „Вашингтон пост“, за кого работеше исчезнатиот саудиски новинар и писател Џамал Кашоги, објави фотографија на која се гледа како тој влегува во саудискиот Конзулат во Истанбул пред една недела, со забелешка дека оттогаш му се губи секоја трага. Американскиот весник наведува дека фотографијата, со печат и датум, им била доставена од „лице блиско до истрагата“. Истовремено, американскиот …

„Вашингтон пост“: Кашоги влегол во саудискиот Конзулат, но не излегол Read More »

(Фото) Џорџ В. Буш ја омажи ќерката Барбара: Интимна свадба во кругот на семејството


САД– Ќерката на 43. американски претседател Џорџ В. Буш (72) , Барбара Буш (36) се омажи на мала тајна церемонија на крајбрежјето во Мејн, а тој ја испрати до олтарот. Зетот е сценаристот и актер Крег Којн (37). На церемонија присуствуваа само 20 луѓе од потесното семејство. Барбара се одлучи за романтична венчаница со едноставен …

(Фото) Џорџ В. Буш ја омажи ќерката Барбара: Интимна свадба во кругот на семејството Read More »