Нови 758 случаи на заразени со коронавирусот, починати 26, оздравени 944 лица


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 758 нови случаи на заразени со коронавирусот од направени 2562 тестирања, а починале 26 лица, од кои најмладиот 42-годишник од Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти. Од новорегистрираните 758 од Скопје се 324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, …

Нови 758 случаи на заразени со коронавирусот, починати 26, оздравени 944 лица Read More »

ФИФА поднесе нова тужба против Блатер


Швајцарија– Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) поднесе до кантоналното Обвинителство во Цирих кривична пријава против својот поранешен претседател Сеп Блатер поради „криминални активности“ поврзани со музејот на ФИФА. ФИФА денеска соопшти оти се сомнева во „криминално и лошо управување од страна на поранешниот менаџмент на ФИФА и компанијата избрана да работи на музејот“ лоциран во реновирана и изнајмена …

ФИФА поднесе нова тужба против Блатер Read More »

Турција откри големо наоѓалиште на злато


Турција– Турција откри големо наоѓалиште на злато со околу 3,5 милиони унци (99 тони) на благородниот метал, проценет на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Откритието во близина на западниот град Согут го објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на …

Турција откри големо наоѓалиште на злато Read More »

Токио ќе ги организира најскапите летни ОИ во историјата


Јапонија– Рекордни 13 милијарди евра (1.644 милијарди јени) ќе чини организацијата на летните Олимписки игри (ОИ) 2020 во Токио, што беа одложени за една година поради пандемијата на новиот коронавирус. Организаторите денеска во детали го образложија финансискиот план за организацијата на Олимпијадата, потенцирајќи дека новиот буџет е за 2.3 милијарди евра поголем од првично проектираниот. Според планираните трошоци, …

Токио ќе ги организира најскапите летни ОИ во историјата Read More »

Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм


По денешната реакција на Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата соопшти дека на вчерашната седница ја констатирала оставката на Бојан Лазаревски од функцијата член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Оставката на Лазаревски, се наведува во соопштението од владината прес-служба, е поднесена неколку дена пред тој да биде назначен за в.д. директор на …

Оставката на Бојан Лазаревски е поднесена пред да биде назначен за в.д. директор на Агенција за филм Read More »

Села хоспитализиран поради болка во градите


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Портпаролот на партијата, Флакрон Беџети, информира дека здравствената состојба на Села е стабилна. Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники.

Наумче Мојсоски позитивен на Ковид-19


Наумче Мојсоски, првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, објави дека е позитивен на вирусот Ковид-19. Поранешниот ракометен репрезентативец, се на наоѓа во изолација, немал никакви симптоми и се чувствувал добро. „Драги пријатели, „Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на …

Наумче Мојсоски позитивен на Ковид-19 Read More »

Поштенска марка за 25 години дипломатски односи со САД (фото)


Специјално издание на поштенска марка по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД беше промовирано денеска во Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на промоцијата потенцираше дека дипломатските односи со САД отсекогаш биле пријателски и засновани врз заеднички вредности и стратешко партнерство. -Република Северна …

Поштенска марка за 25 години дипломатски односи со САД (фото) Read More »

Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп?


Идниот американски претседател Џо Бајден прими вакцина против коронавирусот пред телевизиските камери во неговата матична сојузна држава Делавер. Тој ги повика своите сонародници да го сторат истото Џо Бајден го засука левиот ракав и и рече на медицинската сестра која го држеше шприцот: „Подготвен сум“. По боцнувањето, политичарот апелираше до сите Американци да се вакцинираат …

Се вакцинираше Бајден, а што е со Трамп? Read More »

„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска


Изложбата „Трансфигурации“ на Ана Трајковска вечер, во19 часот, ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ), Галерија 2. -Монументалниот експериментален графички проект „Трансфигурации“ на младата графичарка Ана Трајковска, изграден е само врз основа на едно клише, на една мала матрица, од која ни се рефлектираат различни полизначни и полидимензионални референци, соопшти МКЦ. Aна Трајковска е …

„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска Read More »

Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит


Англискиот фудбал и неговата доминација на меѓународната сцена може да станат колатерална штета на имиграциската политика што Велика Британија има намера да ја спроведува по брегзит, а која вклучува ограничување на бројот на странски играчи во фудбалските клубови. Според новите правила, клубовите во англиската Премиер лига од јануари 2021 година нема да можат да потпишат …

Странските фудбалери во Англија- колетерална штета на Брегзит Read More »

Шарлот Казираги е најновата амбасадорка на Шанел


Франција– Шарлот Казираги, која е блиска со Шанел уште од тинејџерските години, ќе дебитира како нов амбасадор и портпарол на француската куќа на 1 јануари во пролетната модна кампања фотографирана од Инез ван Ламсвеерде и Винуд Матадин во нејзиниот роден град Монако. Ќерката на Каролин, принцезата од Хановер и Стефано Казираги, италијански индустријалец, Шарлот Казираги …

Шарлот Казираги е најновата амбасадорка на Шанел Read More »

Филипче во Софија ќе разговара да добиеме дел од првите вакцини што ќе пристигнат во Бугарија


Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија.   На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.   …

Филипче во Софија ќе разговара да добиеме дел од првите вакцини што ќе пристигнат во Бугарија Read More »

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ


Во Културно информативниот центар – КИЦ денеска ќе биде поставена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Изложбата е под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура и ќе трае 10 дена. Од ДЛУМ посочуваат дека малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. – Магијата …

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ Read More »

Кина успешно ја лансираше новата ракета „„Long March 8“


Кина– Кина денеска за првпат во вселената успешно лансира своја нова ракета – „Long March 8“, чии делови, како што се бустерите, ќе можат повторно да се користат и во иднина, јави ДПА. Над 50 метри високата модуларна ракета се крена во вселената од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот кинески остров Хаинан, носејќи неколку помали сателити, …

Кина успешно ја лансираше новата ракета „„Long March 8“ Read More »

Навални откри дека руски агент во август го затрул со „новичок“ преку долната облека


Германија – Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека руски агент во август годинава го затрул со нервниот агенс „новичок“ преку неговата долна облека. Откривањето на агентот, кој и припаѓал на елитната екипа за отрови во руската Служба за безбедност (ФСБ), се случило во телефонски разговор, откако Си-Ен-Ен и истражувачката платформа „Белингат“ ја открија оваа тајна …

Навални откри дека руски агент во август го затрул со „новичок“ преку долната облека Read More »

Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот


Германија – Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија. Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“. Земјите …

Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот Read More »

Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети


Новиот концепт за основно образование што го најави Министерството за образование и наука, а со кој се планира спојување на предметите историја со географија и граѓанско општество, и биологија со физика и хемија изминатите денови предизвика реакции во јавноста. За таа цел, вчера Министерството за образование и наука (МОН) преку презентација ги појасни дел од …

Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети Read More »

Технолошките гиганти му се придружија на Фејсбук против израелската хакерска компанија НСО


САД– Технолошките гиганти „Мајкрософт“, „Алфабет“, „Циско“ и „Вмвер“ вчера се приклучија во правната битка на Фејсбук против хакерската компанија НСО, со поднесок до федералниот суд во кој предупредуваат дека израелската компанија користи моќни и опасни алатки. Во поднесокот се наведува дека растот на „силен, неконтролиран, комерцијален пазар за алатки за надзор на интернет драматично ќе …

Технолошките гиганти му се придружија на Фејсбук против израелската хакерска компанија НСО Read More »

Нема бај-пас до ЕУ, реформите продолжуваат, ќе се бара решение со Бугарија


Не ни требаат бај-пас решенија за членството во ЕУ кое е наша единствена алтернатива. Иако Унијата испрати лош сигнал, земјава останува посветена на реформите. Подготвени сме за почеток на преговорите и нема сомневање дека секое нивно одложување би било грешка, уште еднаш потврди македонскиот државен врв. Премиерот Зоран Заев вчера ја претстави Инцијативата „Акција 21“ …

Нема бај-пас до ЕУ, реформите продолжуваат, ќе се бара решение со Бугарија Read More »