„Трансфигурации“ – изложба на Ана Трајковска

Изложбата „Трансфигурации“ на Ана Трајковска вечер, во19 часот, ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ), Галерија 2.

-Монументалниот експериментален графички проект „Трансфигурации“ на младата графичарка Ана Трајковска, изграден е само врз основа на едно клише, на една мала матрица, од која ни се рефлектираат различни полизначни и полидимензионални референци, соопшти МКЦ.

Aна Трајковска е родена во 1995 година во Скопје. Таа е дипломиран графичар во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски, отсек Графика со модул конзервација и реставарција. Во моментов е на магистерски студии на Факултетот за ликовни уметности. За време на образовните години остварува повеќе значајни проекти во и надвор од границите на земјава. Работи како асистент-инструктор за цртање и сликање и учествува на различни работилници и конкурси, како и групни изложби и други уметнички проекти.