Шарлот Казираги е најновата амбасадорка на Шанел


Франција– Шарлот Казираги, која е блиска со Шанел уште од тинејџерските години, ќе дебитира како нов амбасадор и портпарол на француската куќа на 1 јануари во пролетната модна кампања фотографирана од Инез ван Ламсвеерде и Винуд Матадин во нејзиниот роден град Монако.

Ќерката на Каролин, принцезата од Хановер и Стефано Казираги, италијански индустријалец, Шарлот Казираги е 11-та по ред на тронот во Монако.

Казираги, исто така, ќе биде вклучена во Les Rendezvous Littéraires Rue Cambon (литературни собири на Rue Cambon), проект кој го имаше своето деби на 26 јануари за време на високата мода во Париз, во историските салони на Шанел.

Овие средби „ќе ги соберат женските писатели и актерки, во друштво на пријатели од куќата, да читаат, дискутираат и да ја споделуваат својата единствена перспектива за сопственото дело или за другите историски или современи литературни фигури што ги сакаат“, според Шанел .

Собирите треба да се емитуваат на веб-страницата на Шанел и на социјалните мрежи.

Додека покојниот Карл Лагерфелд  ја направи Шарлот муза на Шанел, фотографирајќи ја за книгата “The Little Black Jacket: Chanel’s Classic Revisited by Karl Lagerfeld and Carine Roitfeld“ од 2012 година, неговата наследничка на дизајнот Вирџини Виард го одржува пријателството. Мајка ѝ Каролин на сите гала настани ноци исклучиво гардероба на Шанел.

На видеото кое го открива партнерството, Казираги објаснува дека носела фустан  на Шанел за нејзината венчавка во 2019 година со Димитри Расам од една од последните колекции на Лагерфелд, но Виард ја открила низ фитинзите.

Иако е можеби најпозната по нејзината кариера во кољичкиот спорт и како покровител на настанот Меѓународен скок во Монте-Карло, Касираги има диплома по филозофија и страст кон литературата и поезијата. Таа е претседател на Rencontres Philosophiques de Monaco, асоцијација што ја основаше во 2015 година за да ја слави и промовира филозофијата преку месечни тематски настани.

Меѓу другите амбасадори и портпароли на Шанел се Кристен Стјуарт, Лили Роуз Деп и Џени Ким.