Астрономски календар


Денеска е четврток, 5 март 2026 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  301 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 17 часот и 28 минути. Денов трае 11 часа и 25 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

САД ветуваат целосна поддршка на Турција по иранските ракетни напади


Вашингтон– Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска разговараше со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и вети целосна поддршка од Вашингтон по ракетните напади на Иран, соопшти Стејт департментот. Разговорите се одржаа еден ден откако членовите на американскиот Сенат и Претставничкиот дом добија доверливи брифинзи за ситуацијата во Иран. Според соопштението на Стејт […]

Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести


Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. -Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на […]

Шарлиз Терон го украде вниманието на ревијата на Диор во Париз


Париз – Оскаровката Шарлиз Терон, која работи со Диор повеќе од 20 години, ги привлече погледите на нивната ревија што се одржа вчера во рамките на Неделата на модата во Париз. Облечена во црно од глава до пети, таа се појави во комбинација што вклучуваше микро мини здолниште, чорапи до бутови, наметка и очила за […]

Војната во Иран предизвика пад на акциите на авиокомпаниите


Лондон – Војната во Иран предизвика пад на акциите на авиокомпаниите, со десетици милијарди долари избришани од пазарот, што претставува најголема криза во глобалниот воздушен сообраќај од пандемијата на коронавирусот. Акциите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денес паднаа за 0,8 проценти, додека австралиската „Квантас“ ослабе за 2,7 проценти, при што двете компании изгубија повеќе од 10 […]

Рекордни 3,1 милијарди ноќевања на туристи во ЕУ во 2025, Шпанија води


Во Европската Унија минатата година, речиси 3,1 милијарди ноќевања беа регистрирани во туристички сместувачки капацитети низ земјите-членки на блокот, објави денес Евростат. Заводот за статистика на ЕУ наведува дека овој број претставува зголемување од 2,2 проценти, или 66,4 милиони ноќевања повеќе отколку пред една година. Така, 2025 година беше уште една рекордна година за туризмот […]

Лансирана е веб-страница која повикува на мобилизација на Барон Трамп за војната во Иран


Поранешниот сценарист и писател на американската анимирана серија „Саут Парк“, Тоби Мортон, ја лансираше сатиричната страница „DraftBarronTrump.com“, која повикува најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, деветнаесетгодишниот Барон Трамп, да биде испратен во војната во Иран, по американско-израелските воздушни напади врз Исламската Република. Мортон, комичар познат по купувањето интернет домени и креирањето сатирични страници насочени […]

Се нормализира животот во Дубаи, онлајн часови и работа од дома 


Дубаи – По првичното изненадување и тревога поради беспилотните летала што влегоа во воздушниот простор на Дубаи, предизвикувајќи пожар во еден од познатите луксузни хотели и привремено затворање на аеродромот, животот во туристичката мека на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) брзо се врати во нормала. Како што раскажа во интервју за „Политика“ српски граѓанин, кој живее […]

Шведски авиони летаат над Исланд за прв пат: Историска мисија во рамките на НАТО


Шведски борбени авиони патролираат на небото над Исланд за прв пат како дел од мисијата на НАТО „Arctic Watch“, зајакнувајќи го надзорот на воздушниот простор на северна Европа. Шведска испрати шест борбени авиони JAS 39 Gripen, произведени од Sab, во мисија за зајакнување на надзорот на воздушниот простор на северна Европа, објавува Ројтерс. Мисијата има […]

Академски портрет на Плевнеш во Софија


Во периодот од 28 февруари до 2 март, во Софија се одржа академски портрет на Јордан Плевнеш, писател со меѓународно реноме и претседател на универзитетот Еуропа Прима. Гостувањето на Плевнеш започна со учество во најпопуларната емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ, Панорама, кое предизвика широки реакции бидејќи, тој зборуваше на тема „Балканот како поле на Цивилизација […]

Сицилија погодена од серија земјотреси, но без поголеми штети


Неколку земјотреси го погодија подрачјето околу вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија. Најсилниот бил 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија. Првичните извештаи велат дека немало поголеми штети, но неколку училишта биле затворени како мерка на претпазливост. Етна и градот Катанија Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, […]

САД во иранските напади изгубија воена опрема вредна речиси две милијарди долари


Вашингтон – САД изгубија воена опрема во вредност од речиси две милијарди долари во нападите врз Иран на 28 февруари, покажаа денеска проценките на Анадолија врз основа на достапните податоци, додека цел на напади беа радарски системи, авиони и бази низ Блискиот Исток, како и некои американски дипломатски претставништва. Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување […]

Бил Гејтс и уште шест лица, повикани да сведочат пред Претставничкиот дом за Епштајн


Вашингтон – Одборот за надзор и владини реформи на американскиот Претставнички дом повика седум лица да сведочат како дел од истрагата за врските со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, меѓу кои и коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Претседателот на Одборот, Џејмс Комер истакна дека верува оти повиканите лица имаат информации релевантни за истрагата, што […]

Погребната церемонија за ајатолахот Хамнеи е одложена поради огромна посетеност


Техеран -Погребната церемонија за убиениот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да започне вечерва во Техеран и да трае три дена, е одложена поради, како што се наведува, невидено голема посетеност на граѓани. Претседателот на Советот за координација на исламската пропаганда на покраината Техеран, Хоџатолеслам Сејед Мохсен Махмуди, објави дека церемонијата била планирана […]

Америка им нареди на своите службеници да го напуштат турскиот дел на Кипар


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент им одобри на вработените во американската влада кои не се вклучени на вонредни задачи и на нивните семејства да го напуштат Кипар. Мерката е преземена поради војната во Иран и ограничената способност на американската амбасада да им обезбеди помош на Американците во подрачјето под турската управа на Кипар, објави NBC, […]

Силите на НАТО пресретнале иранска ракета насочена кон Турција


Анкара – Балистичка ракета лансирана од Иран насочена кон турскиот воздушен простор е пресретната од силите на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана на Турција. Како што се наведува, балистичката муниција истрелана од Иран е неутрализирана со помош на противвоздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во Источниот Медитеран, пренесува Анадолија. Остатоците од пресретнувачката ракета […]

Париз беше домаќин на својата „Мет Гала“ во Лувр (фото)


Париз – На отворањето на Неделата на модата во Париз, синоќа, речиси 300 гости се собраа не за ревија на писта, туку за раскошна вечера за втората годишна Le Grand Dîner du Louvre. „Мислам дека веќе е успех кога можете да ги имате сите модни куќи заедно во иста просторија, што е тешко“, рече Симон […]

Музичарите до Белата куќа: „Не ја користете нашата музика за промовирање насилство“


Кеша се придружи на растечкиот список на музичари кои јавно се побунија против администрацијата на Трамп и Белата куќа за користење на нивните песни во објавите на социјалните мрежи. Таа реагираше откако минатиот месец се појави видео во кое нејзиниот хит „Blow“ беше користен како позадина. Кеша се огласи на Инстаграм Контроверзното видео, објавено на […]

Автентичните маала на Истанбул од турските серии: Какво скриено наследство нудат Једикуле и Саматја


Вечниот град на Босфорот, Истанбул, познат по своите бројни знаменитости, за туристите нуди и едно поинакво и подлабоко доживување, а тоа е откривањето на неговите скриени маала, заедно со нивните автентични приказни. Најинтересни се населбите Једикуле и Саматја, лоцирани во должина на историските градски ѕидини. Во минатото во нив живееле императори, а подоцна и различни […]

Tатл останува шефица на Берлинале откако го прифати „кодексот на однесување за антисемитизам“


Берлин – Шефицата на Берлинскиот филмски фестивал, Триша Татл останува на чело на Берлинскиот филмски фестивал, но ќе биде должна да се потчини на нови услови, вклучувајќи „кодекс на однесување“ со „табу за антисемитизам“, според извештаите во германските медиуми. Конзервативниот германски таблоид „Билд“, кој го предводеше барањето за отпуштање на Татл, објави дека германското Министерство […]