Концерт на Националниот џез оркестар и Renato Chicco


Националниот џез оркестар, вечер, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Chicco, „First Encounter – Organ & Big Band“ – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, […]

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“


Поради улични дефекти на водоводната мрежа, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од ул.„Македонско-косовска бригада“ и објектот на касарната Илинден, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектите.

Во Чифте амам ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки


 Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам од денеска, во 18 часот, до 1 март ќе биде отворена изложбата на словачкиот уметник Ладислав Каменицки насловена „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“. Ова е негова осма самостојна изложба која обединува дела од повеќе различни уметнички циклуси. Изложбата ја организира Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“ – Скопје […]

Почна Рамазанскиот пост


 Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 февруари 2026 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  315 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 24 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути. Денов трае 10 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Руските и украинските преговарачи имале самостојни преговори зад затворени врати во Женева


Женева – Главниот преговарач на Русија денеска во Женева се состана зад затворени врати со украински официјални претставници по завршувањето на формалните разговори меѓу двете страни кои се одржаа со посредување на САД, пишуваат руските државни медиуми, а пренесува Си-Ен-Ен, кому информацијата му ја потврдила и украинската страна. Според наводите на руската агенција РИА Новости, […]

Како Роберт Дувал ја претвори шталата во Вирџинија во сала за танцување танго (фото)


Мидлбург – „Домот треба да биде како гнездо“, изјави Роберт Дувал за „Архитектонал дајџест“ во 2002 година, „функционален, но убав, погоден за живеење на убав начин“. Актерот добитник на Оскар, кој почина на 15 февруари на 95-годишна возраст, ги отвори вратите од своето гнездо – фарма во Вирџинија во џорџијански стил – за престиќното списание […]

Меланија е втората најмалку популарна прва дама – еве кого Америка мрази повеќе


Меланија Трамп е прогласена за втора најмалку популарна прва дама во поновата историја, но токму ривалката на Трамп, Хилари Клинтон, ја однесе дома почеста да биде најомразена, покажа нова анкета. Според YouGov, 2.255 граѓани на САД беа замолени претходно овој месец да ги рангираат 11-те најнови први дами на скала од „Извонредна“ до „Слаба“. Триесет […]

Во досиејата на Епштајн се споменуваат тела закопани на ранчот Зоро. Истрагата е во тек


Полицијата во Ново Мексико истражува наводи дека покојниот педофил Џефри Епштајн ги задушувал девојките за време на секс на неговиот ранч Зоро и дека нивните тела биле скриени на имотот. Претставничкиот дом на Ново Мексико едногласно гласаше во понеделник за формирање „комисија за вистина“ за да ги истражи наводите за трговија со луѓе и злоупотреба […]

Горан Иванишевиќ има нов ангажман


Горан Иванишевиќ влезе во 13-тата година од својата тренерска кариера со нова задача – тој стана ментор на 21-годишната француска тениска надеж Артур Филс. Хрватската тениска легенда веќе е во ложата на младиот Французин на АТП 500 турнирот во Доха, со што официјално започна соработката. Артур Филс моментално е рангиран на 40-то место во светот, […]

Данскиот крал го посети Гренланд по изјавите на Трамп за преземање на островот


Данскиот крал Фредерик X. во понеделник ја започна тридневната посета на Нук, главниот град на Гренланд, во знак на поддршка за територијата што ја бара американскиот претседател Доналд Трамп. Кралот им мавна на неколку Гренландци собрани на аеродромот и беше пречекан од премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, според новинар на АФП на местото на настанот. […]

Србија е подготвена да направи отстапки за приклучување кон ЕУ


Војната на Русија против Украина донесе промена во претходно стагнираната политика на проширување на Европската Унија, пишува Франкфуртер Алгемајне Цајтунг и наведува кои земји се моментално веројатни, а кои се помалку веројатни кандидати. Така, Турција и Грузија се кандидати „само на хартија“. Кога станува збор за Србија, „Европската комисија неодамна испрати построги критики“, и дека […]

Кети Пери пронајде нова „цел“ со Џастин Трудо, сака да го „промени светот“


Од поп-музика до политика и филантропија! Пријателите шепотат дека Кети Пери сега прифаќа нов животен пат, среде нејзината расцутена романса со момчето Џастин Трудо. „Кети е исполнета со чувство на цел и желба навистина да го промени својот имиџ“, вели извор за In Touch. „Одеднаш, да се биде релевантна поп-ѕвезда изгледа мало во споредба со […]

САД донираше околу милион евра за бомбашкиот оддел на МВР


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството присуствуваше на предавање опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам […]

Шаја Лабјуф уапсен во Њу Орлеанс по напад врз две лица


Њу Орлеанс – Американскиот глумец Шаја Лабјуф е уапсен во Њу Орлеанс откако наводно нападнал две лица. Тој се соочува со обвинение за насилство, соопшти Полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) во изјава за „Еј-би-си њуз“ (ABC News) вчера. „Околу 12:45 часот на 17 февруари 2026, НОПД доби повикани во блокот 1400 на ‘Ројал стрит’ […]

Љутков на светската премиера на дебитантскиот филм на Косара Митиќ на Берлинале


Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ќе ја има својата светска премиера во рамките на 76. издание на Берлинале. Проекцијата ќе се одржи вечерва, 18.02.2026 година во Берлин, во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) во 19 часот. Успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран филм […]

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите


Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи – […]

Трамп ќе го префарба Ер Форс Уан, додавајќи ја својата омилена боја


Вашингтон – Американските воздухопловни сили воведуваат нова шема на бои за својата флота за воздушен транспорт, вклучувајќи го и авионот од следната генерација „Ер Форс Уан“, кој ќе биде во златна боја покрај црвената, белата и темно сината, објави службата. Новиот дизајн ќе означи отстапување од сегашната бела и двобојна сина боја што датира од […]

„Ќе помине и моќта“- промоција на роман од Ирена Јурчева во МКЦ


Вечерва, од 19 ч., во фоајето на МКЦ, ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“. Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот. Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г.,во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно и […]

Килијан Мaрфи и Кејт Хадсон меѓу презентерите на наградите БАФТА


Лондон – Филмските награди БАФТА за 2026 година открија голем број ѕвезди кои ќе излезат на сцената и ќе презентираат во недела, 22 февруари. Пејачкото трио од KPop Demon Hunters, EJAE, Одри Нуна и Реј Ами, претходно беа претставени како изведувачи на лондонската церемонија, нивниот прв настап во живо надвор од САД, а британската кантавторка […]