Цената на бензините повисока за денар, а на дизелот за денар и пол


За еден денар се зголемува цената на бензините, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ во следните седум дена, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а новата цена на дизелот …

Цената на бензините повисока за денар, а на дизелот за денар и пол Read More »

Германската министерка за Европа, Ана Лирман утре во посета на Албанија


Албанија– Германската министерка за Европа, Ана Лирман, по денешната посета на Скопје, утре ќе престојува во Тирана, што е нејзина прва посета на двете земји, јави агенцијата Балкан веб. Лирман ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со заменик министерката за Европа и надворешни работи, Меги Фино, во отсуство на министерката Олта Џачка, која отпатува …

Германската министерка за Европа, Ана Лирман утре во посета на Албанија Read More »

Никола Тупанчески ја презеде функцијата министер за правда


Поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ денеска во Министерството за правда му ја предаде министерската функција на својот наследник Никола Тупанчески, при што му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со уверување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата. Информирајќи за …

Никола Тупанчески ја презеде функцијата министер за правда Read More »

Од петок влажен бран со врнежи од снег


Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок. Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во …

Од петок влажен бран со врнежи од снег Read More »

Продолжува ракометната навивачка зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол


Овие денови, навивачката еуфорија на фановите и вљубениците во ракометот се најголемата поддршка на македонските ракометари на Европското Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022). Пред Ист Гејт Мол посетителите на молот и фановите на македонската репрезентација, пред најголемиот ЛЕД екран, во навивачка зимска атмосфера деновиве му пркосеа на студот со развиорените знамиња, уживајќи во топлите и вкусни закуски заедно со …

Продолжува ракометната навивачка зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол Read More »

Во мене гледате сојузник, им порача министерката Петровска на припадниците на Армијата и на МО


Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Северна Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што …

Во мене гледате сојузник, им порача министерката Петровска на припадниците на Армијата и на МО Read More »

Графичкиот роман „Вавилон Берлин“ објавен на македонски јазик


Издавачот Бункер, во рамки на едицијата Апсолутни почетници го издаде својот петти графички роман Вавилон Берлин. Се работи за дело според романот на Фолкер Кучер по кој е снимена истоимената телевизиска хит серија – најскапа од неанглиско говорно подрачје. Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални …

Графичкиот роман „Вавилон Берлин“ објавен на македонски јазик Read More »

( Видео) Прес на министерот Маричиќ и германската министерка за Европа Ана Лирман


Денеска, 17.01. 2022 со почеток во 11:40 часот, заедничка прес-конференција ќе одржат министерот Бојан Маричиќ и германската министерка за Европа, Ана Лирман. Прес-конференцијата на македонски јазик

Новинарката и активистка од Мисисипи, Ајда Б. Велс, почестена со нова кукла Барби


САД- Ајда Б. Велс, новинарка, активистка и едукатор најпозната по нејзината борба за укинување на линчот, е најновата хероина која е почестена со кукла со потпис Барби. Како дел од серијата „Инспиративни жени на Барби“, Велс им се придружува на легендите Маја Анџелоу, Били Џин Кинг, Елинор Рузвелт, Ела Фицџералд и други историски и денешни …

Новинарката и активистка од Мисисипи, Ајда Б. Велс, почестена со нова кукла Барби Read More »

Наградите на критичарите и на БАФТА во ист ден-13 март


САД-  Церемонијата на Critics Choice Awards  за 2022 година е одложен за 13 март, истиот ден со доделувањето на наградите БАФТА, откако беше закажан за јануари. Теј Дигс и Никол Бајер ќе бидат домаќини на 27-то доделување на наградите по избор на критичарите  во живо во хотелот Fairmont Century Plaza во Century City, Калифорнија. CW …

Наградите на критичарите и на БАФТА во ист ден-13 март Read More »

Приватен судија ќе ги разведува Шон Пен и Лејла Џорџ


САД– Шон Пен и Лејла Џорџ го презеле невообичаениот чекор да ангажираат приватен судија при нивниот развод. Во судските документи добиени од PEOPLE, отуѓената двојка побарала да го назначи судијата Скот Гордон како нивни приватно обештетен привремен судија, откако Џорџ (29) поднесе барање за развод од 61-годишниот Пен во октомври. Како дел од договорот, Пен …

Приватен судија ќе ги разведува Шон Пен и Лејла Џорџ Read More »

Селин Дион ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми


САД– Познатата канадска пејачка Селин Дион објави дека го откажува остатокот од светската турнеја, „поради сериозни здравствени проблеми“, пренесе Си-Ен-Ен. Станува збор за вкупно 16 откажани концерти. – Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека морам да бида потрпелива и да го следам режимот што ми го препорачаа лекарите, напиша Дион на својот интернет-простор, додавајќи …

Селин Дион ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми Read More »

Имотот на Принс проценет на 156 милиони долари


САД– По шест години правни кавги, сите страни се договорија за вредноста на имотот на легендарниот пејач Принс. Службата за внатрешни приходи и администраторот на имотот, Comerica Bank and Trust, се согласија на вредност од 156,4 милиони долари, бројка што наследниците на имотот исто така ја прифатија, според Star Tribune од Минесота. Конечната проценка го …

Имотот на Принс проценет на 156 милиони долари Read More »

„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“


САД – „Мајкрософт“ воведе нова опција на својата апликација „Тимс“, наречена „воки-токи“ (Walkie Talkie). Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа. Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се …

„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“ Read More »

Секоја одлука ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните, вели Филипче


Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во денешното видео обраќање истакнува дека му било чест и задоволство во изминатите четири години да им служи на граѓаните заедно со кои, како што посочува, поминале многу во историски најтешкиот период за македонското здравство, а поддршката која ја добивале им давала сила да продолжат напред и да ја …

Секоја одлука ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните, вели Филипче Read More »

Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими премиерот  Димитар Ковачевски и членовите на Владата. Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ …

Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски Read More »

Актерите Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан манекени на Прада во Милано


Италија– Џеф Голдфблум и Кајл Меклахлан докажуваат дека модата не е само млада игра. Актерите ветерани прошетаа по пистата во неделата за ревијата на машка облека на Прада 2022 година на модната недела во Милано, заедно со водечките холивудски мажи Томас Броди-Сангстер, Аса Батерфилд, Демсон Идрис, Том Мерсиер, Џејден Мајкл, Луис Патриџ, Ештон Сандерс и …

Актерите Џеф Голдблум и Кајл Меклахлан манекени на Прада во Милано Read More »

МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност – CIMAM


Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. „МСУ – Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето …

МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност – CIMAM Read More »

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн


Во четврток (20.01), во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан …

„Галантна Индија“- концерт во Филхармонија со американската виолинистка Силверштајн Read More »

Дел од проблемот со дебелеењето се должи на ДНК-та на човекот


Англија– Науката со години тврди дека вишокот килограми не е предизвикан само од недостаток на дисциплина и прејадување. Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон, пак, сега открија десетици делови од човечката ДНК кои влијаат на метаболизмот, што игра клучна улога во губењето килограми. Ова е втора студија за кус временски период што укажува на истиот овој …

Дел од проблемот со дебелеењето се должи на ДНК-та на човекот Read More »