Селин Дион ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми


Селин Дион, 2019

САД– Познатата канадска пејачка Селин Дион објави дека го откажува остатокот од светската турнеја, „поради сериозни здравствени проблеми“, пренесе Си-Ен-Ен. Станува збор за вкупно 16 откажани концерти.

– Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека морам да бида потрпелива и да го следам режимот што ми го препорачаа лекарите, напиша Дион на својот интернет-простор, додавајќи дека со нетрпение го чека мигот кога повторно ќе се сретне со своите обожаватели.

Пејачката изјави дека се опоравува од тешките и постојани грчеви во мускулите, кои ѝ пречеле за време на настапите. Поради истиот здравствен проблем, таа го откажа и својот настап во Лас Вегас во октомври 2021 година.

Остатокот од нејзината светска турнеја тогаш беше одложен за 12 април годинава, но лекарскиот тим на пејачката одлучи дека целосно откажување, сепак, е најдобра опција.