Сончево и топло со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Како што соопштија од УХМР, попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во […]

Од разбој до текстилен отпад – 25. Моден викенд „не освежи“ со инспиративни креации на студентите по мода


Македонија не може без мода, ниту модни муабети, не трпи модни критики, ама ги почитува и вреднува новите надежи „скриени“ на Факултетите по моден дизајн во Скопје и ширум Македонија, под менторство на искусни дизајнери. Организаторката на Моден викенд-Скопје, Света Богова-Јовановска,  која над 12 години го диктира македонскиот и регионалниот моден ритам, секогаш знае да […]

Скопје во знакот на 25. Моден викенд- кои се новите генерации модни дизајнери?


В сабота, 25 јуни, четири дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. 25-то издание на Моден Викенд под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“ e за сите млади луѓе, за сите факултетлии, но и за сите оние бубачки и шумски ѕверки кои сакат да ја пренесат нивната приказна и […]

Ексклузивно со Д.В.Мафет во „Во кадар“ со Миланка Рашиќ


  Најновото издание на емисијата за филм „Во кадар“ донесува ексклузивно интервју со американскиот актер и режисер  Доналд Ворен Мафет. Миланка Рашиќ разговара со Мафет за актуелните ангажмани и за неговото учество во проектот Скопје Технолошки Парк Капитал Партнерс, во чии рамки е предвидена изградба на филмски и ТВ студија во Скопје. Најновите улоги на […]

„Балканска приказна“ ја освои Турција- меѓу петте најгледани серии според рејтингот


Турската серија „Балканска приказна“ којашто од вторникот започна да се емитува на ТВ екраните на националната турска телевизија ТРТ1, а се снима во Скопје, се искачи меѓу најгледаните пет програми на турските телевизиски канали според податоците од рејтинг листите. Серијата Балканска приказна го привлекува вниманието и на домашната публика кај нас во Македонија, не само […]

Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот


Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје. Во рамки на нивниот престој од 1 до 15 јули ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот музеј, а дел од нив ќе ги подарат на МСУ. Куратор […]

„Латици“ – Ирина Тошева со нова модна колекција инспирирана од носиите на Јуруците од Радовишко


Со документарниот филм „Латици“ и новата колекција „OYA“ пред љубители на модата, гости и поддржувачи, беше промовиран новиот иновативен проект на Ирина Тошева, кој ја чествува шареноликоста на етничките заедници и културната одржливост во земјата. Преку темелно истражување и документирање на заедницата на Јуруците од Радовишкиот регион одблизу, Тошева изработи модни изгледи, инспирирани од женските […]

Гала премиера во Куршумли ан : „Балканска приказна“ не зближува со предците


Во Старата чаршија во Скопје, вчеравечер се одржа Гала промоција на првата епизода од турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), серија којашто започна да се снима во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1. Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, пред почетокот на гала настанот  истакна дека првата епизода од серијата […]

„Зашто раније ниси дошла“- новата рок балада на Дивље јагоде, пред Пиво-фест во Прилеп


„Zašto ranije nisi došla“ е насловот на вториот сингл на „Дивље јагоде“, кој ќе се најде на претстојниот студиски албум кој е во подготовка. Овој пат се работи за рок балада отпеана во препознатлив стил од Тони Јанковиќ, а текстот и музиката се на Зеле Липовача. “Искрено, тешко ми е да предвидам колку време ќе […]

Летен фестивал на книгата во ТРИ


Почна Летниот фестивал на книгата во ТРИ и ќе трае се до 20.08. годинава.  Под слоганот „Секоја страница – нова станица“ во сите книжарници на ТРИ и на  kniga.mk ве очекува понуда која ќе ви овоможи што е можно повеќе книги под дебелите сенки, на песочните плажи, во шумите или насамо во срцето. Најавуваме многу нови наслови […]

Машка мода во Ист гејт мол : Ревија на брендови за сите генерации


По повод „Денот на таткото” кој трговскиот центар Ист Гејт Мол го означи со активности во текот на цела недела, во исклучителниот простор  на молот  викендов се одржа пригодна модна ревија посветена на енергичните, смели, урбани и модно освестени мажи, во режија на Снежана Богдановска – Сани и нејзиниот тим. Во посебна атмосфера, со специјални […]

Неготинчанката Анастасија Божинова втора придружничка на Мис на Евроазија во Анталија


Неготинчанката Анастасија Божинова (18)  ја освои титулата втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022 кој синоќа се одржа во прекрасниот хотел Титаник Мардан Палас во Анталија, Турција. Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата прва придружничка ја освои мис Казахстан. Преубавата […]

“Балканска приказна”- нова турска серија се снима во Македонија, од утре на ТРТ 1


„Balkan Ninnisi“ или Балканска приказна, една од најамбициозните продукции за Турција снимена во странство по долги години, по сценарио на Угур Узунок, сценаристот на „Долина на волците“ започнува со прикажување на првата епизода на ТРТ1 од утре, 21 јуни во 19 часот по македонско време. Гала промоција на Балканска приказна ќе се одржи и во […]

„Кавијар” од Македонија : Влатко Стефановски за првпат со концерт во Тирана


  Влатко Стефановски, легенда, светско, а наше во саботата вечер, за прв пат во својата богата кариера настапи во Тирана, Албанија. На сцената, виртуозниот гитарист и автор, во својот оригинален стил донесе беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци, во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас. А, […]

Лето со попусти и забава – овој петок Late Night Shopping во Скопје Сити Мол


Веќе десет години најомилен дел од јуни се неверојатните попусти во омилениот трговски центар, кои кулминираат со најдобриот ден за попуст во кој продавниците во Скопје Сити Мол работат до полноќ – Late Night Shopping во Скопје Сити Мол. Оваа година за посетителите и љубителите на шопингот подготвивме извонредни попусти, но и одлична забава за […]

Кејт Мидлтон ги врати туфните на Ројал Аскот


Англија- Кејт Мидлтон беше ѕвезда на славните коњски трки  Royal Ascot  во петокот. Придружувајќи му се на својот сопруг, принцот Вилијам, 40-годишната Кејт ја предводеше водеше кралската поворка на еден од најгламурозните настани во Велика Британија каде што повеќе се зборува за модата отколку за спортските резултати.  Облечена во бел и кафеав фустан со туфни  […]

Кипар ќе добие од Грција владин авион


Грција– Република Кипар ќе го добие првиот официјален владин авион, што ќе биде донација од Грција, беше соопштено на денешната средба во Никозија на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Мицотакис рече дека со оглед на тоа дека планираат модернизација на нивната флота на авиони, ќе го направат конкретниот гест кон Кипар, […]

СЗО ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон


Швајцарија – Советничката група на Светска здравствена организација (СЗО) денеска ја поддржа употребата на вакцина адаптирана на сојот Омикрон како дополнителна доза. – Специјална вакцина против коронавирус, адаптирана за сојот Омикрон, може да се користи како засилувачка доза за зајакнување на имунитетот, соопшти денеска во Светската здравствена организација (СЗО). Таквата вакцина, според достапните податоци, може да им користи на оние кои веќе се целосно вакцинирани против […]

Борис Џонсон ненадејно го посети Киев


Украина- Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев, каде се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари. „Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на […]

Руски воен брод навлезе во територијалните води на Данска


Данска– Руски воен брод вчера двапати навлегол во територијалните води на Данска во близина на островот Борнхолм во Балтичко Море, соопшти Данската одбранбена команда. Корветата влегла во данските води северно од малиот остров Кристијансо, во близина на поголемиот остров Борнхолм. По радио порака од данската морнарица, бродот веднаш ја напуштил областа, објавија денеска данските власти. […]