Меѓу Турција и Македонија постојат силни културни врски


Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем Ѓуллу, беше во проштална посета на Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата беше истакната потребата од развивање на соработката на нови области коишто се директно поврзани со културата, соопштија од Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Чигдем Ѓуллу, којашто истовремено е и уметничка, за време на нејзината посета и подари едно од своите уметнички дела на министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата беше истакнато дека меѓу Турција и Северна Македонија постојат силни културни врски од минатото и дека треба да се продолжат напорите во секое време и во сите области за тоа да се зачува.

Истакната беше и потребата од развивање на соработката во нови области кои се директно поврзани со културата, особено во врска со авторските права.