Наградите на критичарите и на БАФТА во ист ден-13 март


САД-  Церемонијата на Critics Choice Awards  за 2022 година е одложен за 13 март, истиот ден со доделувањето на наградите БАФТА, откако беше закажан за јануари.

Теј Дигс и Никол Бајер ќе бидат домаќини на 27-то доделување на наградите по избор на критичарите  во живо во хотелот Fairmont Century Plaza во Century City, Калифорнија. CW и TBS ќе емитуваат директен пренос од церемонијата во 19 часот. 

Кон крајот на декември, Здружението на критичари теобјави дека ќе ја одложи церемонијата на доделување награди во 2022 година поради загриженоста за порастот на случаите со варијантата омикрон. Гала настанот првично требаше да се одржи на 9 јануари.

„Следејќи ја науката и следејќи го текот на варијантата омикрон, веруваме дека 13-ти март ќе биде вистинскиот ден за соодветно да се почитуваат најдобрите достигнувања во филмот и телевизијата во текот на изминатата година“, рече извршниот директор на организацијата Џои Берлин. „Можевме да продолжиме со нашиот првичен датум со ограничено присуство или да се префрлиме на шоу за виртуелни награди како што направивме минатата година, но решивме да почекаме додека не можеме безбедно да се собереме лично и вистински да прославиме со креативната заедница, лидерите во индустријата и нашата CCA членови сите заедно во еден прекрасен амбиент за целиот свет да го види“.

Critics Choice Awards сега треба да се одржат истата вечер со наградите на Британската академија за филм БАФТА, уште една голема станица во сезоната на награди.

„Приказна од Западот“ и „Белфаст“ доминираа во годинешната група на номинирани.

Super Bowl LVI, НБА Ол-стар натпреварот и SAG наградите се одржуваат во последователни недели во февруари. Дополнително, Оскарите ќе го организираат својот годишен ручек за номинираните на 7 март, додека маратонот во Лос Анџелес ќе се одржи во Century City на 20 март.