Променливо облачно и студено


Претпладне променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне сончево. Минималната …

Променливо облачно и студено Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 4 февруари 2022 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 16 часот и 50 минути. Денов трае 10 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Нови 1.715 случаи со Ковид-19, 24 починати лица 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати лица и 2.057 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 1.715 новозаболени од Скопје се 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – …

Нови 1.715 случаи со Ковид-19, 24 починати лица  Read More »

Европските фудбалски клубови во загуба од седум милијарди евра поради коронавирусот


Англија– Двегодишната пандемија на Ковид-19 им предизвика загуби на европските фудбалски клубови од седум милијарди евра, покажува најновата студија на УЕФА, со која биле опфатени 724 екипи во 54 прволигашки натпреварувања. Прволигашките екипи претрпеле загуби од четири милијарди евра во 2021, а една година претходно три милијарди евра. Најголем дел од загубите се предизвикани од …

Европските фудбалски клубови во загуба од седум милијарди евра поради коронавирусот Read More »

Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ.   Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше …

Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина Read More »

На Клиниката за неврохирургија изведена нова техника за флуоросцентно обојување на тумори


Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека заедно со идниот заменик министер за здравство Владимир Рендевски на Клиниката за неврохирургија извеле нова техника со која се што врши визуелизација, односно флуоросцентно обојување на туморите. Филипче во објавата на Фејсбук воедно напомена дека оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување …

На Клиниката за неврохирургија изведена нова техника за флуоросцентно обојување на тумори Read More »

Отворена нова експозитура на НЛБ Банка во населбата Аеродром


Од денеска, мрежата на експозитури на НЛБ Банка е збогатена со уште една, нова експозитура во населбата Аеродром во Скопје.Експозитурата која е сместена во објектот „Порта Аеродром“ („Методија Шаторов – Шарло“, бр. 1, локал 3)ќе работи од понеделник до петок, од 08.00до 16.00 часот, и ќе го опслужува сегментот население и правни лица, нудејќи сеопфатни …

Отворена нова експозитура на НЛБ Банка во населбата Аеродром Read More »

Фалсификувани банкноти од 2000 денари, Народната банка со препораки како граѓаните да ги препознаат


Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи. Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба …

Фалсификувани банкноти од 2000 денари, Народната банка со препораки како граѓаните да ги препознаат Read More »

Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар


Во тек е дигитализацијата на старата архива на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Дигитализацијата се спроведува преку Центарот за култура  „Марко Цепенков“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници – големо богатство архивски материјал  создавано од почетоците на Театарот, од 1950 година до 2000 година. -Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, …

Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар Read More »

Берза 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни


Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот јануари – декември 2021 година вкупниот промет изнесувал 12.853.500.604 денари и е зголемен за 56,84 отсто во однос на јануари – декември 2020, кога тој изнесувал 8.195.475.839 денари, објави пари.мк Класичното тргување изнесувало 6.736.800.362 денари и е зголемено во однос на јануари – декември 2020 за …

Берза 2021: Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка најатрактивни Read More »

За лозарите најатрактивни „вранец” и „темјаника”, интерес има и за садење десертни сорти 


Лозарите највеќе сакаат да садат лози од винските сорти „вранец” и „темјаника”, но заинтересирани се и за сите видови десертно грозје. Според Васка Мојсовска, сопственик на расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник, есенското садење е подобро. – Традиционално, во Тиквешко како најголем лозаро-винарски регион во државата, нови лозја се подигнуваат наесен …

За лозарите најатрактивни „вранец” и „темјаника”, интерес има и за садење десертни сорти  Read More »

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат


Белгија–  Европската Комисија (ЕК) смета дека дигиталниот ковид сертификат на ЕУ треба да се продолжи до крајот на јуни 2023, јави дописничката на МИА од Брисел. Комисијата сега го поднесува предлогот на Советот и Парламентот на ЕУ за да имаат време до истекувањето на рокот на сегашната регулатива за ковид сертификатот да го одобрат ова …

ЕК предлага едногодишно продолжување на дигиталниот ковид сертификат Read More »

Лаура Паузини, Алесандро Кателан и Мика- водители на Евросонг во Торино


Италија– Италијанската поп-ѕвезда, добитничка на Греми, Лаура Паузини, Алесандро Кателан и либанско- британската поп ѕвезда Мика ќе бидат домаќини на претстојното 66-то издание на Изборот за песна на Евровизија 2022 година во Торино, Италија. Домаќините на Евровизија – која може да се пофали со публика од над 180 милиони гледачи, што ја прави најголемото и …

Лаура Паузини, Алесандро Кателан и Мика- водители на Евросонг во Торино Read More »

Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени


Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер. Според УХМР, локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота во текот на ноќта во западните делови и …

Наутро студено, преку ден за викендот до 13 степени Read More »

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари годинава. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство …

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Read More »

„Сините ноќи без тебе“- „Дивље јагоде“ со жестока рок-песна го најавува новиот албум


„Сините ноќи без тебе“ е првата нова песна на регионалните рок ѕвезди Дивље јагоде по албумот „Џубокс“ и најавата за нов студиски албум. Во својот препознатлив авторски печат, основачот на бендот, Зеле Липовача, на публиката и подарува уште една жестока рок песна која покажува дека и по повеќе од 40 години, бендот се уште е …

„Сините ноќи без тебе“- „Дивље јагоде“ со жестока рок-песна го најавува новиот албум Read More »

Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе


Германија–  Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА. Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата. Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со …

Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе Read More »

Принцезата Мери од Данска го одбележа 50. роденден со гламурозни портрети


Данска– Родендените изгледаат малку поинаку кога сте член на кралско семејство. Оваа недела, принцезата Мери од Данска го одбележа претстојниот 50-ти роденден во вистински кралски стил, споделувајќи нов сет на портрети на кои таа и нејзиниот сопруг, престолонаследникот Фредерик изгледаат особено гламурозно. За таа прилика, принцезата избра блескава, ледено сина вечерна тоалета украсена со светки …

Принцезата Мери од Данска го одбележа 50. роденден со гламурозни портрети Read More »

Федерер не знае кога ќе се врати на тенисот, коленото сѐ уште го мачи


Швајцарија– Роџер Федерер изјави дека до мај треба да знае дали би можел да се врати на тенисот, откако откри дека сè уште не му било дозволено да трча по тројната операција на коленото. Федерер најави дека планира да продолжи со интензивното вежбање овој месец, признавајќи од тоа зависи дали ќе се врати на терените на …

Федерер не знае кога ќе се врати на тенисот, коленото сѐ уште го мачи Read More »

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО. Овие вежби се изведуваат како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 05 …

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“ Read More »