Директорот на Формула 1 им забрани на возачите да носат пирсинг и метален накит на трката во Австралија


Англија– Директорот на трки во Формула 1, Нилс Витич, изјави дека возачите не смеат да користат пирсинг на телото и метален накит за време на тркачките сесии за Големата награда на Австралија.

– Забрането е носење метален накит или пирсинг за време на натпреварот. Усогласеноста со правилото може да се провери пред почетокот, ја цитира новинарот Адам Купер изјавата на Витич.

Забележано е дека Витич веќе се осврна на темата за пирсинг и метален накит на брифинг за време на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, но сега неговата изјава за ова прашање е истакната во писмата што беа испратени до тимовите во пресрет на етапата во Австралија.

Раководството на Ф-1, со оваа одлука сака да го намали ризикот возачот да претрпи дополнителна повреда при евентуална несреќа, како и намалување на ризикот за брзото бегство од пилотската кабина на уништен болид.

Големата награда на Австралија ќе се одржи во Мелбурн од 8 до 10 април.