Џони Деп ќе глуми покрај Милош Биковиќ во продолжението на „Јужен ветер“


По бројните шпекулации за ангажманот на Џони Деп во претстојното продолжение на „Јужен ветер“, Информер.рс ги потврди наводите со најава дека холивудскиот актер ќе толкува улога на наркодилер.

Преговорите за ангажман на Деп почнале уште во октомври, кога тој беше во посета на Белград. Актерот во главниот град на Србија ја промовираше анимираната серија „Puffins impossible“, а по тој повод се сретна со Александар Вучиќ, како и со Милош Биковиќ.

Иако неговиот ангажман се уште не е официјално потврден, по средбата се шпекулираше за неговото учество во проектот.

Милош Биковиќ, кој ја игра главната улога во „Јужен ветер“, не криеше дека би сакал да го дели кадарот со холивудскиот актер.

„Деп е одличен човек, имагинативен и има прекрасни улоги. Би сакал да го видам во продолжението на ‘Јужен ветер’, може да си бира улога! Секоја освен Петар Мараш. Би сакал да работам со него. Кастингот е отворен, па ако Деп помине, ќе биде примен“, изјави тогаш српскиот актер.

Деп не е единствениот познат актер кој се приклучил на франшизата, Мајкл Медсен и Вилијам Болдвин ќе се појават во втората сезона од серијата. Тие ќе ги играат ликовите на американските агенти кои ќе им ги замрсат конците главните ликови.