Османи, Рау и Линде утре на средба со Кулеба на полско-украинската граница


Фото: Б. Грданоски
Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде, утре ќе отпатуваат на полско-украинската граница.
 
Како што информира МНР, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.
 
– Посетата на тројцата министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани.  Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната, се наведува во соопштението од МНР.