Од попладне врнежи од дожд, а на планините снег


Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од […]

Македонија на 108. место како воена сила, напредок за 27 места во однос на лани


Северна Македонија за 2023 година, на најновата листа како воена сила е рангирана на 108-то место од 145 од земјите што се разгледуваат за годишниот преглед на Global Firepower (GFP), објави интернет-порталот „Глобал фајерпауер“. Тоа во споредба од лани за Република Северна Македонија е напредок за македонската армија за 27 места на листата за воена […]

Декември екстремно топол и просечно врнежлив месец


Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Република Северна Македонија, месец декември 2022 година, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив месец, соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 3,8°С во Маврово до 7,8°С во Гевгелија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), декемвриска температура […]

„Златен глобус“ не е само шоу, туку и модна писта


САД- „Сега кога се вратија Златните глобуси, ајде да се забавуваме“, рече стилистката Џенифер Остин. Модниот свет изгледа подготвен за првиот голем момент на црвениот килим  во годината, утре (10 јануари во Беверли Хилтон, чиј домаќин е Џерод Кармајкл) кога ќе се одржи платформата на најнезаборавните модни моменти на многу познати личности кои останаа во […]

Оваа година ќе владее бројот 7: Проверете што ви носи


Бројот 7, кој владее во 2023 година, поттикнува интуиција, интроспекција и сочувство. Тоа е бројот на духовноста, но и на науката, води кон потрага по подлабоко значење и одговори на важни животни прашања. Тој сака да не наведе да ги анализираме нашите постапки и да не научи дека треба повеќе да се грижиме за соседите, […]

МВР реконструира 78 објекти со што е остварена значителна заштеда на струја


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук информира дека се реконструирани 78 руинирани во модерни и енергетско ефикасни објекти на МВР. – Со тоа остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија, оцени министерот. Тој на својот фејсбук профил истакнува дека со тоа е остварена заштеда од 2.731.446,12 киловат часови. – […]

Вагон од патнички воз излизгал од шините кај „Кадина Река“, нема повредени


Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт“. – Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се […]

Културата во 2022: Година на премиери и на предизвици 


„Најсреќниот човек на светот“ и „Кајмак“ – филмовите во македонска продукција, претставите „Пепелашка #Љубов“ и „Госпоѓиците од Авињон“ се само дел од проектите кои минатата година блеснаа на културната сцена, но не изостанаа и проблемите. Внимание предизвика подготовката на новиот Закон за култура, а ликовните уметници бараат свој простор и галерија за работа. Минатата година […]

Силен земјотрес го погоди Крит


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил северно од Ираклион. Земјотресот бил на длабочина од 14,4 километри, пренесува Катимерини. Засега нема извештаи за евентуална штета. Претходно, рано утринава во 06:12 часот на тоа подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, а беа […]

Утрово најстудено во Берово и Битола, најтопло во Дојран


Најастудено утрово е во Берово и во Битола, каде во седум часот се измерени -6 степени целзиусови, како и во Скопје, Тетово и Демир Капија со -4 степени. Најтопло е во Дојран каде се измерени 4 степени целзиусови. Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, а утрово е променливо облачно. Во Демир Капија […]

Холандија е најбезбедна земја во Европа- листа на најбезбедни земји за патување во 2023 година


САД– Американската компанија „Беркшир хатавеј травел протекшн“ (Berkshire Hathaway Travel Protection) ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година. Од вкупно 15 држави, 11 се во Европа, а Холандија го има првото место. Неколку фактори придонесуваат за рангирањето, вклучително и резултатите од анкета врз луѓе кои ги посетиле тие места, Глобалниот индекс на […]

Чанта на „Луј Витон” со албанско знаме, часовник на „Франк Мулер” со Скендербег


  Албанија – Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме.   Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.   – Нова чанта на „Луј Вуитон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.   Чантата […]

Макрон сака да го реформира пензискиот систем, синдикатите се против


Франција– Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја заживее неговата иницијатива за економски реформи и да постигне голема политичка победа оваа недела со почнување реформа на пензискиот систем наспроти жестокото противење на синдикатот. Француската премиерка Елизабет Борн утре ќе ги изнесе деталите за плановите за најверојатно зголемување на старосната граница за пензионирање […]

Бред Пит размислува да го напушти Холивуд и да се пресели во Франција


САД- Актерот Бред Пит, кој неодамна беше виден како ужива во Мексико со својата нова девојка Инес де Рамон, минатиот месец го продаде својот мнозински удел во успешната холивудска продукциска куќа „План Б“. Сето тоа го прави за да се оддалечи од Холивуд и да започне помирен живот, изјави извор за „Page Six“. Тој ја […]

Зеленски воведе санкции за оскаровецот Никита Михалков и за уште 118 други руски уметници


Украина- Украинскиот претседател Володимир Зеленски  потпиша указ за воведување санкции против рускиот филмски режисер и оскаровец Никита Михалков и 118 други истакнати руски уметници, како и неколку државјани на Украина, се наведува во документот објавен на веб-страницата на украинскиот претседател. Санкциите, меѓу другото, се воведени и против оперската пејачка Ана Нетребко, филозофот Александар Дугин, генералниот директор […]

XВВ.1.5: Колку е опасна новата подваријанта на Омикрон?


50 проценти од новите инфекции со коронавирусот во САД се должат на подваријанта на сојот Омикрон – XBB.1.5. Таа подваријанта се шири низ светот, а првите индикации велат дека не е посмртоносна од омикронот. Линк до целиот текст тука  

Бајден во прва посета на Мексико како претседател на САД


САД – Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ја започна својата прва официјална посета на Мексико по речиси две години на функцијата. Бајден беше пречекан од неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор. Двајцата денеска ќе имаат билатерални средби пред утрешниот Северноамерикански совет во Мексико со канадскиот премиер Џастин Трудо.   

Поради магла намалена видливост кај Демир Капија


Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има кај Демир Капија, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од […]

Украинското куче – херој „Патрон“, покрај медал за заслуги сега доби и анимирана серија


Неверојатниот украински борец во одбрана на Украина од руската инвазија на 24 февруари, кучето Патрон, душкач на мини и експлозиви, на кое му беше врачен медал за посветени услуги од украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега добива анимирана серија – „ Кучето Патрон“, проект кој се спроведува со поддршка на УСАИД и во партнерство со УНИЦЕФ. […]

Османи ќе ги претстави приоритетите на македонското претседавање со А5


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска пред амбасадорите на земјите – членки и набљудувачи на САД – Јадранската повелба (САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Словенија), ќе ги претстави приоритетите и целите на Република Северна Македонија за време на претседавањето со Повелбата во 2023 година. Согласно агендата, најпрво ќе […]