Претседателот на Парламентот на Косово во посета на Собранието на Македонија


Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска е најавена посета на претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњуфца. Според веб страната на Собранието, Коњуфца ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери по што се најавени изјави. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека поради посетата на претседателот на Парламентот на Косово ќе биде […]

Промоција на „Пијанистика 1“ од Дирона Соколовска на ФМУ


Книгата „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од Дирона Соколовска вечер ќе биде промовирана на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. „Пијанистика 1“, […]

Промоција на солистичкиот албум ,,Од колено на колено“ на Александар Јовевски


Солистички албум „Од колено на колено“ на Александар Јовевски вечер ќе биде промовиран во киното „Фросина“.  На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет.  Во состав на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, има женски вокали, гудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот  „Од колено на […]

Облачно со локален дожд, на планините слаб снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за снег и на пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а […]

Ерик Сиоти е избран за претседател на француската десница


Франција– Францускиот пратеник Ерик Сиоти, претставник на десничарската струја, особено во однос на имиграцијата, денеска е избран за претседател на традиционалната француска десничарска партија, Републиканците (Les Republicains – LR). Сиоти освои 53,7 гласови во вториот круг од интерно гласање. Десничарската партија ЛР е наследник на партијата РПР на поранешниот претседател Жак Ширак, која заедно со […]

Не се споменува признавање и членство во ОН: Што содржи првата верзија на француско-германскиот предлог


Чешка – Еднакви права за Србија и Косово, почитување на територијалниот интегритет и неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово се клучните елементи на предлогот што е на маса во Белград  и во Приштина, јави Радио Слободна Европа. Можноста за меѓусебно признавање или членство на Косово во […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 12 декември 2022 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 19 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа 10 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

САД загрижени за ситуацијата на северот на Косово, повикуваат на воздржаност


Американските власти изразија длабока загриженост за актуелната ситуација на северот на Косово вечерва и повикаа на максимална воздржаност и активности за намалување на тензиите. „САД изразуваат длабока загриженост за моменталната ситуација на северот на Косово. Ги повикуваме сите да покажат максимална воздржаност, да преземат итна акција со цел да се постигне деескалација на ситуацијата и […]

Приватните превозници и  утре продолжуваат со блокадата на „Илинденска“


Приватните превозници продолжуваат со штрајкот и утре со паркираните автобуси по булеварот „Илинденска“.   Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска прекина каква било комуникација со приватните превозници, а премиерот Димитар Ковачевски вели дека превозот во Скопје е проблем на градот, а не на Владата. Приватните превозници бараат да им биде платен долгот од ЈСП Скопје […]

Двајца џихадистички лидери загинаа во американска акција во Сирија


Либан– Двајца лидери на џихадистичката група ИД се убиени во напад на американските сили во источна Сирија, соопшти денеска американската воена команда за Блискиот Исток. Таа команда наведе дека нејзините сили „успешно извршиле хеликоптерски напад во источна Сирија“ рано утринава и убиле „двајца лидери на Исламската држава“. Еден од нив е идентификуван како Анас, водач на […]

Петковиќ: Аргентина не е само Меси


ОАЕ– Напаѓачот на хрватската репрезентација Бруно Петковиќ одговори на прашањето како тимот ќе го запре Лионел Меси. Репрезентациите на Аргентина и Хрватска ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во 2022 година. Натпреварот ќе се одигра на 13 декември. – Сè уште немаме конкретен план да го задржиме Меси. Обично се фокусираме да го запреме целиот […]

Јуниорски евросонг 2022: Победи Франција, Македонија на 14. место


  13-годишниот Лисандро кој ја претставуваше  Франција победи на Детската Евровизија во 2022 година, со што неговата земја ја доби втората победа во последните 3 години. Лисандро ги воодушеви милионите што гледаат ширум светот на ТВ и онлајн со неверојатната изведба на „Oh Maman!“*, завршувајќи со импресивни 203 поени. Франција првпат учествуваше на Детската Евровизија […]

Жена пријавена за исчезната пронајдена мртва во скопско Стајковци


Во канал со вода вчера е пронајдена почината З.Д.(78) од скопското село Стајковци. Како што соопшти МВР, жената била пронајдена на местото викано „Орман трло“ во атарот на скопското село Стајковци. Случајот бил пријавен во Полициска станица Гази Баба. Нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје на 7 декември пријавила во полиција дека нејзината мајка исчезнала. Од […]

ПСЖ е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за Белингем


Франција – Пари Сен-Жермен не се откажа од борбата за потпис на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објави „Ел Национал“. Парискиот клуб е подготвен да плати повеќе од 120 милиони евра за 19-годишниот англиски репрезентативец. Претходно медиумите пишуваа дека за играчот се заинтересирани и Челзи, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Манчестер […]

Вучиќ за вечерва свика седница на Советот за безбедност и на граѓаните ќе им се обрати на РТС


Србија– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, свика седница на Советот за национална безбедност за 19 часот, а потоа ќе и се обрати на јавноста на Дневникот на РТС, јави дописникот на МИА од Белград. По последните изјави на претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, кој најави дека премиерот на Косово Албин Курти, според информациите со […]

Хари и Меган: Приватноста не беше причина за кралското заминување


Англија – Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ги отфрлија критиките за документарниот филм за нивните животина Нетфликс, а изјавата на нивниот портпарол вели дека парот никогаш не ја навел приватноста како причина за повлекување од кралското семејство. Во првите три епизоди од толку очекуваниот документарен филм, парот – војводата и војвотката од Сасекс […]

Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле паднал врз неа


Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди. Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп. Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се […]

КБЗ ќе анализира зошто сезонските вируси ги наполнија амбулантите


Вирусните инфекции кои се причина за преполните болнички капацитети и ординациите кај педијатрите ќе бидат предмет на дискусија на состанокот на Комисијата за заразни болести наредната недела. По неколку месечна пауза, советодавното тело на министерот за здравство ќе дискутира за епидемиолошката состојба, пресек за болни и хоспитализирани од ковид и грип, но и за аденовирусите […]

Почина професорката на ФЕИТ, Анета Бучковска


Професорката на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ Анета Бучковска почина денеска, соопштија од факултетот. Бучковска (58) стана доктор по математика во 2000 година, а од 2001 година предава на Институтот за математика и физика на ФЕИТ. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските […]

Роналдо: Сонував да го освојам Светското првенство со Португалија, но вчера сонот беше скратен, јас сум посветен на земјата


ОАЕ – Кристијано Роналдо се осврна на настапот за репрезентацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година. Португалците вчера загубија од Мароко во четвртфиналето. – Освојувањето на Светското првенство за Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За среќа, освоив многу меѓународни трофеи, вклучително и со Португалија. Но да го доведам името на […]