Ѓоковиќ го прегази „домаќинот“ Де Минор за четвртфинале на Австралија Опен


 

Австралија- Новак Ѓоковиќ се мачеше со повред на претходните два меча на Аустралијан Опен, но денеска изгледаше како играч кој нема никакви физички потешкотии, нешто што и самиот го потврди при давањето интервју на теренот.

Српскиот тенисер се очекуваше да води тесна битка со расположениот и разигран Алекс Де Минор, но домашниот миленик на публиката во Австралија едноставно не можеше да му парира на најголемиот шампион во Мелбурн.
 
 
Мечот беше неизвесен само до 2:2 во првиот сет, по што следеше страшна серија на Новак од 9:0, која всушност беше најава за лесна и едноставна победа.

По 6:2 во првиот сет, Новак поведе со 5:0 во вториот, а истиот го приведе при крај со еден загубен гејм (6:1). Брутално продолжи и во третиот сет со цел да ја заврши работата на најбрз можен начин, брзо направи 4:0, а потоа рутински славеше со 6:2.

На овој начин, Ѓоковиќ се пласираше во 13-то четвртфинале на Аустралијан Опен, во кое противник ќе му биде Русинот Андреј Рубљов. Натпреварот се игра в среда, во 9 часот наутро.