Потоп на фаворитите во Мелбурн: Крај и за Медведев на „Австралија опен“
Американскиот тенисер Себастијан Корда се пласираше во осминафиналето на „Австралија опен“ откако во третото коло славеше против Русинот Данил Медведев со 7:6 (7), 6:3, 7:6 (1).
Корда во осминафиналето ќе игра против полскиот тенисер Хуберт Хуркач, кој претходно денеска беше подобар од Денис Шаповалов со 7:6 (3), 6:4, 1:6, 4:6 и 6:3.
Претходно елиминација претрпеа и вториот носител Каспер Руд, осмиот носител Тејлор Фриц, 11 носител Камерон Нори, 12 носител Александар Зверев и 14 носител Пабло Карењо Буста.