Принц Хари: Не им се враќам на кралските должности


Англија– Британскиот принц Хари ја промовира својата книга „Spare“, која излегува на 10 јануари оваа година. Во овие свои мемоари, принцот ќе се осврне на своето воспитување и животот во кралското семејство, а по повод објавувањето на книгата даде неколку интервјуа коишто ќе бидат прикажани во текот на викендов. Во исечок од интервјуто за Си-би-ес, Андерсон […]

Забрзан премин за носителите на Мкарта при нивното доаѓање во земјава


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат „fast-track“ на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во државата. Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата […]

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци


Поради маглата на неколку патни правци низ државата е намалена видливоста. Како што попладнево соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост до 150 метри има на патниот правец Тетово – Групчин и од 50 до 100 метри на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип. 

Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, дел од летовите одложени и откажани


Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата. Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, […]

Османи: Олеснување на животот на луѓето се приоритет во нашето претседавање со ОБСЕ


Зајакнувањето на активностите на теренот ќе биде главниот приоритет на македонското претседавање со ОБСЕ, истакна Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Северна Македонија и новиот претседавач на ОБСЕ во 2023 година во своето обраќање до јавноста на првиот ден во новата година, кога официјално започнува и претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална организација […]

„Ролингстоун“ објави листа на 200 најдобри пејачи, јавноста се прашува зошто ја нема Селин Дион


САД- Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња – „вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк“, како што се вели во описот. „Кога ’Ролинг стоун‘ првпат ја објави својата листа на 100 најдобри пејачи во 2008 година, користевме подробен процес на […]

Претседателството на Шведска со ЕУ ќе биде клучно за одржување на поддршката за Украина


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека шведското претседателство со Европската унија ќе биде од клучно значење за зачувување на единството на ЕУ во поддршка за Украина. Таа на Твитер напиша дека Шведска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ во клучен момент. – Можете да сметате на мене дека ќе се залагам за вашите […]

Заради три тетоважи на Путин: Откажан настапот на балетанот Полунин во Милано


Италија– Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин, кој има три тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин. Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат […]

Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура во Украина


Украина– Властите на Киев ги повикаа жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура. Енергетската компанија ДТЕК утрово соопшти дека била принудена да изврши итни прекини на струјата. Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, ги повика жителите на главниот град да внимаваат на потрошувачката на енергија. – Во […]

Земјотрес во Грција


Грција – Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Епицентарот на земјотресот, кој се случи утринава во 07:28 часот, бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18 километри, пренесува Катимерини. Според податоците на Европско-медитеранскиот […]

Четири жртви во судар на два хеликоптери во Австралија


Австралија – Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери кој се случи денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти локалната полиција. Сударот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале […]

Украинците, Шанел од Шпанија и рускиот бенд се најгледани настапи на Евросонг (видео)


Швајцарија- Уредниците на официјалната веб-страница на Евровизија ги објавија 50-те најгледани настапи во текот на 2022 година на официјалниот евровизиски канал на YouTube. На прво место е актуелниот победнички настап на украинскиот бенд Калуш Оркестар, кој победи на Евросонг со песната „Стефанија“. На второ место е Шпанката Шанел (СлоМо), а под неа се претставниците на […]

Бесплатен паркинг на дел од јавните паркиралишта во Скопје


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на новогодишните празници односно на 1 и 2 јануари на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември нема да се врши наплата. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје посочуваат дека јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе […]

Џереми Ренер се бори за живот откако се повредил чистејќи снег


САД- Новата година започна лошо за актерот Џереми Ренер (51), најпознат по улогата во серијата на Марвел „Hawkeye“, но и по улогата во акциониот хит „The Bourne Legacy“. Имено, тој на 1 јануари доживеал несреќа додека чистел снег пред куќата, по што итно бил пренесен во болница. Неговиот портпарол изјави дека актерот е во „критична, […]

Темишвар, Веспрем и Елевсина – европски престолнини на културата во 2023


Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Ја преземаат од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022-ра го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаќин на целогодишната програма од проектот на ЕУ – Европска престолнина на […]

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот


Дали направивме доволно оваа година, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

Опозицијата бара избори во мај, власта ги најавува за 2024 – но во политиката се е можно


Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата, ќе трае сè до договор за датум за предвремени парламентарни избори. Блокадата, според партијата, подразбираше и „попречување на штетните закони и политики“. За власта и покрај […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Австрија– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот австрискиот диригент Франц Велсер-Мост. Франц Велсер-Мост ужива особено блиско и продуктивно […]

Маричиќ годината ја заврши во друштво со најмладите продавачи на „Лице в лице“


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, последниот работен ден за оваа година го заврши во друштво со најмладите продавачи на социјалното списание за економска интеграција „Лице в лице“, кои дел од нив се вклучени и во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Грижата за ранливите категории не е само наша обврска, туку и […]