Продолжуваат лажните дојави за бомби, според Спасовски мотивите за нив – геостратешки, политички или авантуристички


Веќе два месеци пристигнуваат лажни дојави за бомби во повеќе училишта, институции и јавни објекти во земјава. Закани за поставени експлозивни направи беа упатени и вчера на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Струга, за кои од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, и тие, исто така, се лажни. Во …

Продолжуваат лажните дојави за бомби, според Спасовски мотивите за нив – геостратешки, политички или авантуристички Read More »

Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко“ и дојавите за бомби


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање. Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на …

Комисијата за контрола над АНБ ќе расправа за случајот „Онишченко“ и дојавите за бомби Read More »

Промоција на книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ


Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, универзитетски професор во пензија и познат македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од …

Промоција на книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ Read More »

Свеченост за завршување на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин


Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свечена церемонија за завршувањето на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин на 149 припадници на Армијата. На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Како што информираат од Министерството за одбрана, пред …

Свеченост за завршување на основниот курс за подофицери и промоција во прв подофицерски чин Read More »

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија денеска на пладне ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај” на поетесата Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство”. Соопштението за наградата ќе го прочита Васил Дрвошанов, претседател на жири-комисијата за наградата. Како што информираат од ДПМ, свеченоста ќе биде збогатена и со промоција на книгата „Посеани соништа”, во …

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ Read More »

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Нерези


Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Демир Трајко“ 13б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и улицата „Партизанска“ – краци 1, 3, 5, 7, 9 и 11 во Нерези во Општина Карпош, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму додадоа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па …

Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Нерези Read More »

Сончево со мала локална облачност и утринска магла по одделни котлини


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 16 степени. Во Скопје претпладне магливо, а …

Сончево со мала локална облачност и утринска магла по одделни котлини Read More »

Поради магла намалена видливост на патиштата долж Повардарието


Поради појава на магла намалена видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Велес, а од 100 до 150 метри на патот Градско – Неготино. На останатите патишта во државата сообраќајот се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од …

Поради магла намалена видливост на патиштата долж Повардарието Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 27 декември 2022 година, 361-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 4 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа 27 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство


На изборното собрание на Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ), кое се одржа на 17 декември во Кинотеката на Република Северна Македонија, беше избрано новото раководство на СМУМ. За претседател на Управниот одбор на СМУМ, кој воедно е и претседател на СМУМ, повторно е избран проф. м-р Љубиша Кировски. Членови на Управниот одбор се …

Сојузот на музички уметници на Македонија избра ново раководство Read More »

Погледнете ја изложбата што Шанел му ја подари на Париз (фото)


Франција– Познатиот француски бренд Шанел му подари на Париз за Божик- изложба. „Le Grand Numéro de Chanel“ отворен во Grand Palais Éphémère е посветен на сите мирисни креации создадени под негово покровителство од 1921 година до денес, а на отворањето присуствуваше и британската актерка Кира Најтли, која е заштитно лице на парфемот Coco Mademoiselle. Кураторот …

Погледнете ја изложбата што Шанел му ја подари на Париз (фото) Read More »

Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво, во тековната година успешно реализирани сите предвидени задачи


За состојбата и реализацијата на плановите и задачите на Армијата кои влијаат на борбената подготвеност на Армијата, денеска во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана беше ифнормиран претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски. За време на брифингот за борбената готовност на Армијата, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на …

Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво, во тековната година успешно реализирани сите предвидени задачи Read More »

Електрониката и чиповите се мозокот и срцето на моите креации: Интервју со Aнук Випрехт, холандска дизајнерка


Eлектрониката и чиповите се мозокот и срцето на моите креации. Со помош на вештачката интелигенција можеме да ставиме фокус на одредени делови од облеката кои најмногу не инспирираат и на тој начин да комуницираме со другите луѓе. На пример, со помош на сензори и подвижни раце на фустанот да создадеме подефинирана граница на личниот простор, …

Електрониката и чиповите се мозокот и срцето на моите креации: Интервју со Aнук Випрехт, холандска дизајнерка Read More »

Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила во Филхармонија


На сцената на Филхармонија на 28 декември, ќе се одржи новогодишен концерт на биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила. Гоце Стевковски од Здружението на џез музичари на денешната прес-конференција најави дека на концертот ќе има дополнително уште двајца гости, уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, …

Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила во Филхармонија Read More »

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 …

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува Read More »

Од Лазар Личеноски до Илија Аџиевски- 2022 во знакот на големите македонски уметници


Изминатата година беше мошне успешна за Националната галерија на Македонија (НГМ), со голем број изложби поддржани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма, оценува раководството на институцијата. Годината почна со две вонпрограмски содржини, првата беше изложбата со наслов „Процут кон женственоста“, по повод Меѓународниот ден на жената, а вториот настан во соработка со …

Од Лазар Личеноски до Илија Аџиевски- 2022 во знакот на големите македонски уметници Read More »

Нина Николиќ ја постави во МНТ „Бакхи: Агава“


На 27 декември (вторник), во просторот на балетската сала при Македонскиот народен театар, премиерно ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“, според Еврипид и Тамара Барачков. Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на другите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот …

Нина Николиќ ја постави во МНТ „Бакхи: Агава“ Read More »

Џејн Фонда откри дека ракот е во ремисија: „Се чувствувам толку благословено“


САД- Џејн Фонда го доби најубавиот подарок пред 85-тиот роденден: Нејзиниот рак е во ремисија. Актерката од Грејс и Френки во септември објави дека и е дијагностициран не-Хочкинов лимфом и дека почнала со хемотерапија. Во нов блог пост, Фонда откри дека нејзиниот онколог рекол дека може да ги прекине третманите. „Се чувствувам толку благословена, толку …

Џејн Фонда откри дека ракот е во ремисија: „Се чувствувам толку благословено“ Read More »

Пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани


Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани. Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој …

Пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани Read More »

Мис Висконсин крунисана за Мис Америка 2023 


САД– Мис Висконсин ја освои титулата Мис Америка 2023 година. Грејс Стенке, родена во Ваусау, 20-годишна студентка по нуклеарно инженерство на UW-Madison, беше крунисана за победничка на натпреварот за Мис Америка во казиното Мохеган Сан во Ункасвил, Конон, со што стана 95-та победничка на натпреварот. Таа е третата убавица од Висконсин која ја освоила титулата. …

Мис Висконсин крунисана за Мис Америка 2023  Read More »