Од Мет Гала до Модна недела во Париз- пензионерските денови на Федерер се чист гламур


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по пензионирањето лани, станува модна ѕвезда на гала настани,  и се дружи со модниот крем, како уредничката на американскиот „Вог“ Ана Винтур и богати сопственици на брендови како Бернард Арно. Со својот фит и моден изглед добива пофалби каде и да се појави, за разлика од неговата сопруга Мирка Федерер, која сака скапи брендови ама нема стил за облекување.

Федерер и Мирка на ревијата на Шанел во Париз

 

Двојката беше фотографирана на актуелната Модна недела во Париз, во друштво со Винтур, Арно и режисерот Баз Лурман.

Федерер изненади и со најавата дека заедно со Пенелопе Круз,  Дуа Липа и Микаела Коел се кодомаќини на годинешната Мет Гала- гала настансо добротворен карактер на Институтот за костими на Музејот на уметност Метрополитен – или како што некои сакаат да го наречат, „најголемото модно вечерно излегување“ , уште од 90-тите, на својот традиционален датум- во првиот понеделник во мај.

Ана Винтур и Баз Лурман на ревијата на Шанел во Париз

На листата на Форбс за 2022 година на најплатени спортисти во светот во сите спортови, тој се рангираше на 7-то место, и покрај тоа што не одигра натпревар по јуни 2021 година поради долготрајна повреда на коленото за која беше потребна операција. Во неговата заработка од 90,7 милиони долари во изминатата година, само 700.000 долари од нив дојдоа од теренот, според Форбс.

Лавовскиот дел од неговото богатство доаѓа од договорите за спонзорства, вклучувајќи ги и оние со Вилсон, Мерцедес-Бенц, Ролекс и Уникло. На теренот, тој има освоено 130,6 милиони долари и 103 титули, вклучувајќи 20 грен слем шампионати.