Во Словенија падна првиот снег
Студениот бран стигна до северниот дел на Словенија, а во Вршич заврна првиот снег. Вршич е највисокиот патен премин во Словенија. Се наоѓа под истоимениот врв на надморска височина од 1611 метри. Снег падна и во близина на планинарскиот дом Кредарица.