Австрија доби преодна експертска Влада


Новите министри во преодната Влада на Австрија денеска дадоа заклетва, а  на местата, кои останаа испразнети по повлекувањето на членовите од редовите на Слободарска партија (ФПО), сега се наоѓаат експерти. Во новата, преодна австриска Влада, Министерството за одбрана ќе го води воено лице, заменик-началникот на Генералштабот на војската на Австрија, генерал-потполковник Јохан Луиф, кој, инаку, …

Австрија доби преодна експертска Влада Read More »

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија


Реформи во насока на намалување на невработеноста кај младите, подобро поврзување на домашните компании во меѓународните синџири на вредности и намалување на сивата економија, беа дискутирани на панелот на Конференцијата од високо ниво за почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2020-2022, која е дел од дијалогот на земјите од Западен Балкан и Турција …

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија Read More »

Албанската опозиција од 25 мај ќе потестира без прекин до 30 јуни


Обединетата албанска опозиција најави дека големиот национален протест закажан за 25 мај ќе биде „долготраен протест“. Членот на Националниот совет на Демократската партија, Александер Биберај, гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија Ора њуз, уште додаде дека протестите ќе има низ целата територија на земјата. -Протестот на 25 мај ќе биде најголемиот протест што некогаш …

Албанската опозиција од 25 мај ќе потестира без прекин до 30 јуни Read More »

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва


Лидер на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински нагласи дека политичките групи во некои земји од Европската унија, меѓу кои и онаа на Марин Ле Пен во Франција, се „очигледно поврзани со Москва и добиваат поддршка од неа “. Качински го тврди тоа во интервју за „Газета полска“. Неговата изјава води до анализи …

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва Read More »

Поранешните членови на РКЕ на „Балкан енерџи“ незаконски му „донеле“ приход од 6,6 милиони евра


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на  Регулаторна комисија за енергетика до јуни 2018 година, и членовите на РКЕ С.Ј. (61), В.К. (65), и Е.М.В. (51), до 2017 година поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службена …

Поранешните членови на РКЕ на „Балкан енерџи“ незаконски му „донеле“ приход од 6,6 милиони евра Read More »

Пендаровски бара анализа за перформансите на надворешната политика


Претседателот Стево Пендаровски ќе побара од Владата и МНР анализа за сите дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство и за компетенциите на амбасадорите за да се видат перформансите на надворешната политика. Пендаровски, велат од неговиот кабинет, ја одблокирал и процедурата за агремани за амбасадори која била блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов.

Оформен новиот кабинет на Пендаровски


Познати се имињата на новите членови на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Имено, Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, а Билјана Радева е прес-офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров …

Оформен новиот кабинет на Пендаровски Read More »

Новите два национални документа за заштита на природата не го решаваат проблемот со Матка и Охрид


По повод 22 мај – Светскиот ден на биолошка разновидност, денеска во Скопје беа промовирани двата најзначајни национални документа од областа на заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата и Национална стратегија за биолошка разновидност. Настанот е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата на ООН …

Новите два национални документа за заштита на природата не го решаваат проблемот со Матка и Охрид Read More »

Конференција: Енергијата да се насочи во економските реформи


Северна Македонија го отвора процесот на подготовка на Програмата за економски реформи заедно со ЕУ. Ова е вистинскиот момент да се почнат економските реформи. Земјата е политички стабилна, го реши проблемот со името и сега целата енергија може да ја насочи кон спроведување економски реформи. Ова беше порачано на денешна конференција што се одржа во …

Конференција: Енергијата да се насочи во економските реформи Read More »

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук


Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена должност и овластување за службени и одговорни лица и за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје, кои учествувале во постапка за вработување. Имено, како што појаснија …

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук Read More »

Затворениците во „Шутка“ ќе вежбаат на донирана фитнес опрема


Во соработка со фирмата МСА Компани ДООЕЛ Скопје, согласно склучениот Меморандум за соработка, од страна на претставникот на компанијата Аделаид Крешник, во КПУ Затвор „Скопје“ беше донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор. – Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно …

Затворениците во „Шутка“ ќе вежбаат на донирана фитнес опрема Read More »

Дураки: Кој ќе биде дел од „метлата“ од функционерите на ДУИ, одлучува лидерот


Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки смета дека ако биде дел од промената на функции во Владата, тоа ќе биде направено се цел да се подобри функционирањето на институциите. „Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од „метлата“ по однос на функционерите на Демократската унија за интеграција одлучува лидерот …

Дураки: Кој ќе биде дел од „метлата“ од функционерите на ДУИ, одлучува лидерот Read More »

Извештај: Речиси 600 договори за јавни набавки се склучени без објавен оглас


Влошување на конкуренцијата во јавните набавки, големи тендери кои не се делат, зголемување на бројот поништени тендери се само дел од забалешките кои се нотирани во најновиот Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава (за периодот јули-декември 2018 год.). Според извештајот зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и …

Извештај: Речиси 600 договори за јавни набавки се склучени без објавен оглас Read More »

Ердоган повика на национално единство против заканите кон Турција


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика пратениците, политичките партии и целата нација да се обединат против сите закани, напади и стапици, чија цел е да го уништат националното единство на 82 милиони луѓе. – Го повикувам секој еден од нашите 82 милиони граѓани да го заштити заедничкиот интерес на Турција, рече Ердоган во обраќање …

Ердоган повика на национално единство против заканите кон Турција Read More »

Камион се преврте на автопатот Демир Капија-Миравци, едно лице повредено


Товарно возило излетало од автопатот  Демир Капија – Миравци после тунелот кај месноста викана „Јаворица“, синоќа околу 19.30 часот, при што тешко е повреден возачот, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  -Се работи за товарно возило „волво“ со скопски регистарски броеви, управувано од С.Ј. (37) од Скопје. Тешко повредениот возач бил упатен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Додевски.  Извршен …

Камион се преврте на автопатот Демир Капија-Миравци, едно лице повредено Read More »

Столтенберг во јуни во посета на земјава


Северноатлантскиот Совет и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Република Северна Македонија Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во земјава ќе престојува на 2 и 3 јуни. Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што …

Столтенберг во јуни во посета на земјава Read More »

Билетот во Зоолошка поскапува, оти слоновите и шимпанзото јаделе многу


Поскапувањето на билетот во скопскиот ЗОО-парк од 50 на 80 денари, беше изгласано на вчерашната седница на Советот на град Скопје. – Зоолошката има трошоци, слоновите јадат многу, исто како и шимпанзото, објасни директорот на зоолошката градина Ѓорги Галетановски по однос на точката со која се предвидува поскап билет за влез во зоолошката градина. Советниците …

Билетот во Зоолошка поскапува, оти слоновите и шимпанзото јаделе многу Read More »

Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо


Во некои делови на Џакарта избувнаа немири откако изборната комисија на Индонезија потврди дека претседателот Џоко Видодо победи на изборите одржани минатиот месец, изјави гувернерот на индонезискиот главен град Ањес Басведан. Приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Прабово Субијанто се судрија со  безбедносните сили во главниот град на Индонезија, палејќи возила и фрлајќи камења врз полицијата, …

Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо Read More »

Џафери со државна делегација во Рим во чест на Св. Кирил


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во Чест на Св. Кирил“, во Светата столица во Рим. Џафери ќе биде придружуван од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо …

Џафери со државна делегација во Рим во чест на Св. Кирил Read More »

ОН: Либија е на прагот на граѓанска војна


Либија е на прагот на граѓанска војна, која би можела да доведе до трајна поделба на државата, изјави специјалниот пратеник на ОН за оваа северноафриканска земја, Гасан Саламе. – Санирањето на досега направените штети ќе трае со години, во случај војната да заврши сега, изјави Саламе во обраќање пред Советот за безбедност на ОН. Саламе …

ОН: Либија е на прагот на граѓанска војна Read More »