Тинејџерка со исеченици по расправија со друга девојка за момче


Во средата, во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ била донесена 17 – годишна девојка од село Средно Коњари, скопско, со исеченици по левата рака и нога. Девојката со исечениците се здобила по расправија за момче со друга девојка со иницијали Н.Н. Се преземаат мерки за целосно …

Тинејџерка со исеченици по расправија со друга девојка за момче Read More »

Се пукало во Тетово


  На семејна веселба во Тетово, гостиварец пукал од огнено оружје, па полицијата го привела. Имено, ноќеска во 4.40 часот вo Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на семејна веселба во двор од куќа на улица „ЈНА“ во Гостивар имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и од слобода го …

Се пукало во Тетово Read More »

ОЈО поднесе обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело обид за убиство за настанот на 24 февруари годинава во гостилница во скопската населба Хиподром. – Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на …

ОЈО поднесе обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром Read More »

Надминати дилемите за оданочување за ИТ услугите


Конечно се надминуваат дилемите за местото на настанување на услугите и со тоа се прецизира ослободувањето од обврска за засметување ДДВ при извозот на ИТ услуги. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција што се одржа во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ на тема: Автентично толкување на член 14 од Законот за данок на …

Надминати дилемите за оданочување за ИТ услугите Read More »

Сомнителен пакет пронајден во близина на Кабинетот на Тереза Меј


Лондонската полиција соопшти дека го блокирала реонот околу улицата „Дунинг“ во Лондон, во која се наоѓа Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, поради пронајден „сомнителен пакет“. – Специјалната полиција се наоѓа на местото на настанот, се наведува во кусото полициско соопштение објавено на Твитер. Поради блокадата, сите пешаци и возила се насочуваат кон околните улици.

Јовески: Треба да се изнајде форма да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни и независни


Мој личен став е дека треба да се изнајде форма во обвинителството да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни, независни, кои функцијата на обвинител ќе ја извршуваат согласно професијата и се лојални само на Уставот и законите на Република Северна Македонија, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Во однос на идејата за ветинг на …

Јовески: Треба да се изнајде форма да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни и независни Read More »

Заев: Одлуката на Богоевски е храбра, тоа е човек што си ја сака земјата до небото


Премиерот Зоран Заев ја поздравува одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата и смета дека е храбра и во функција на понесување  одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока. -Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на  неговото извршување на …

Заев: Одлуката на Богоевски е храбра, тоа е човек што си ја сака земјата до небото Read More »

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби


Претседателот Стево Пендаровски ја донесе одлуката за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, бидејќи анализите покажале дека тој е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби, велат за МИА од кабинетот на шефот на државата по искажаните забелешки од ДУИ за неговото назначување. – Претседателот Стево Пендаровски …

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби Read More »

Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ


Новиот директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу во изјава за Аласат-М вели дека не може да ги коментира забелешките од ДУИ за неговото назначување од страна на претседателот Стево Пендаровски. Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во „Службен весник“ и неговата директорска функција да се официјализира. – Не можам …

Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ Read More »

Вардар остана без лиценца за настап во евро-куповите


Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва лига, не му издаде лиценца на Вардар за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020. – По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата …

Вардар остана без лиценца за настап во евро-куповите Read More »

Јовески: Нема законски и други пречки Интерпол да објави потерница по Груевски


Верувам дека нема законски или било какви други пречки потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави денеска јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески. – Во скоро време ќе се реши таа состојба. За тоа е задолжена обвинителката Вилма Русковска, како напредува во тој дел мене …

Јовески: Нема законски и други пречки Интерпол да објави потерница по Груевски Read More »

Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар


Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување. Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу …

Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар Read More »

Заев: `Платата во плик` е за задржување на квалификувани работници, проблемот ќе го решиме до јули


Практиката дел од вработените да се исплаќаат во готово, според премиерот Зоран Заев е проблем кој планираат да го решат од јули годинава, иако потенцира тоа не е незаконски. „Сите знаеме дека секој дава пари `плата во плик` и тоа не е незаконски дел, бидејќи бизнисмените најголемиот дел од тие пари ги обезбедуваат, си плаќаат …

Заев: `Платата во плик` е за задржување на квалификувани работници, проблемот ќе го решиме до јули Read More »

Вартоломеј: Крвта вода не станува


Ова е наша прва средба по некои непријатности меѓу нас, но тоа е човечко и треба да најдеме сила да ги надминеме и да продолжиме за доброто на црквата, рече Вселенскиот Патријарх Вартоломеј по средбата со грчкиот Архиепископ Јеронимос, потенцирајќи дека „крвта вода не станува“, јави дописничката на МИА од Атина. Вартоломеј и Јеронимос, по …

Вартоломеј: Крвта вода не станува Read More »

Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека контролата што е направена во шест судови во земјата покажала дека нема злоупотреба на електронскиот систем за доделување на предмети. -Лани извештајот покажа дека во изминатиот период имало бројни нерегуларности и злоупотреба на системот. Годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа …

Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите Read More »

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Кавадарци – Прилеп пред Плетвар


Патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар е затворен за сообраќај поради вршење увид од сообраќајна незгода. Како што соопшти АМСМ, прекинот во одвивањето на сообраќајот е настанат од 11:15 часот.

Нимиц: Се измачив со користењето на „ПЈРМ“, Преспа е врв на мојата кариера


Американскиот дипломат Метју Нимиц кој речиси 25 години посредуваше во спорото за името меѓу Скопје и Атина, во разговор за Дојче веле признава дека до самото потпишување на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, па ни потоа, не бил сигурен дека целата работа ќе се истера до крај. Вели дека денот на потпишувањето не …

Нимиц: Се измачив со користењето на „ПЈРМ“, Преспа е врв на мојата кариера Read More »

Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање


Премиерот Зоран Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање, откако од ДУИ реагираа дека човек што бил дел од безбедносните служби не треба да биде на чело на такви институции. – Јас знам дека претседателот знае понекогаш да ме консултира за одредени прашања. тоа се …

Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање Read More »

Недостигаат специјални кадри за децата со посебни потреби


Во земјава има недостиг на специјални кадри како логопеди, дефектолози, лица за физикална терапија… кои би се грижеле за децата со посебни потреби во училиштата за поголема примена на инклузивно образование, рече заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов на денешната трибина „Предизвици во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование“, во организација на Демократската …

Недостигаат специјални кадри за децата со посебни потреби Read More »

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс


Кина бара американската авиокомпанија Боинг да плати надомест поради приземјувањето на авионите 737 Макс. Две од трите водечки кинески државни авиокомпании, Ер Чајна и Чајна Садерн ерлајнс, соопштија дека сакаат да добијат компензации поради приземјените нивни авиони од типот Боинг 737Макс. Третата авиокомпанија, Чајна истерн ерлајнс, објави слично барање минатиот месец. Кина беше меѓу првите …

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс Read More »