Работникот не смее да се откаже од годишен одмор


Работникот не може да се откаже од платениот годишен одмор. Според уставните судии членот 32 став 4 од Уставниот суд предвидува дека вработените не може да се откажат од правото на платен годишен одмор. Затоа тие на вчерашната седница поведоа постапка за ставовите 1 и 2 од членот 145 од Законот за работни односи, донесен …

Работникот не смее да се откаже од годишен одмор Read More »

Ученички од Скопје на екскурзија зеле екстази, завршиле на Токсикологија


Вчера во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат …

Ученички од Скопје на екскурзија зеле екстази, завршиле на Токсикологија Read More »

Самракот на автократот од Карпатите


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Елегичниот почетен стих „What a difference a day made“ (Каква разлика прави еден ден) на истоимената легендарна песна на Дајна Вашингтон имаше неверојатна политичка парафраза во неделата и понеделникот во Романија. До неделата изутрината Ливиу Драгнеа, неоспорниот господар на Романија, имаше сè под своја рака. Како претседател на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) тој …

Самракот на автократот од Карпатите Read More »

Заев најави голема реализација на капиталните инвестиции


Оваа година ќе имаме голема реализација на капиталните инвестиции заради тоа што имаме проекти со избрани изведувачи, со кои разговараме да го зголемат интензитетот на изградба за да можеме да ја забрзаме исплатата, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на денешната седница на која се поставуваа пратенички прашања. Посочи дека во моментов не е задоволен од реализацијата …

Заев најави голема реализација на капиталните инвестиции Read More »

Под слоганот „Мојата невидлива МС“ одбележан Светскиот ден на мултипла склероза


Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија денеска на плоштадот „Македонија“ со промоција на кампања за подигање на јавната свест за мултипла склероза и за невидливите симптоми на оваа болест, го одбележа Светскиот ден на мултипла склероза. Мотото на годинашното одбележување на Светскиот ден е „Мојата невидлива МС“. Претседателката на огранокот за …

Под слоганот „Мојата невидлива МС“ одбележан Светскиот ден на мултипла склероза Read More »

Во Јапонија почнаа да организираат Покемон венчавки


Escrit, јапонска компанија специјализирана за организирање венчавки, неодамна се здружи со The Pokemon Company и почна да нуди лиценцирани Покемон подароци. Пред неколку дена објавени се фотографии од првата церемонија, а сѐ е во знакот на познатиот цртан филм. Додека ги гледате овие фотографии треба да имате на ум дека ова не е свадба што …

Во Јапонија почнаа да организираат Покемон венчавки Read More »

Украинската Рада не ја прифати оставката на премиерот Гројсман


Парламентот на Украина одби да ја прифати оставката на премиерот Владимир Гројсман. Оставката ја поддржаа само 97 пратеници, а беше неопходен минимум од 226 гласа. Според законот, оставката на премиерот води до оставка на целата Влада. Владата, чија оставка парламентот претходно ја прифати, продолжува со работа до назначувањето на новиот кабинет. Претседателот на Украина Владимир …

Украинската Рада не ја прифати оставката на премиерот Гројсман Read More »

Заев: РКЕ да биде сервис на граѓаните, а не на компаниите


Ја поддржувам Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да биде сервис на граѓаните, а не на компаниите. Цената на нафтата и на бензинот е најниска во регионот и тоа така и ќе продолжи, порача денеска премиерот Зоран Заев. -Просечната маржа на трговците со нафта и нафтени деривати во текот на минатата година е 6,7 денари по …

Заев: РКЕ да биде сервис на граѓаните, а не на компаниите Read More »

Асанж премногу болен за преку видео-линк да се јави на рочиште


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е премногу болен за да може преку видео линк да се појави на рочиште за екстрадиција во САД по барање на Вашингтон, изјави денеска неговиот адвокат. САД побараа екстрадиција на Асанж кога беше уапсен во еквадорската Амбасада во Лондон на 11 април. Тој се соочува со вкупно 18 точки од …

Асанж премногу болен за преку видео-линк да се јави на рочиште Read More »

Ихтиоза предизвик: Да не се срамиме од нашата кожа!


Месецот мај е посветен на подигнување на јавната свест за ретката болест ИХТИОЗА, која претставува ретко генетско заболување, што се карактеризира со изразено сува кожа, распоредена со лушпи со различна структура. Дваесет и деветгодишниот Јосиф Мишевски од гостиварско Тумчевиште е момче кое храбро се носи со предизвиците од ихтиозата и го крева својот глас во …

Ихтиоза предизвик: Да не се срамиме од нашата кожа! Read More »

Центар им подели пакети со основни намирници на семејства со висок социјален ризик


Денеска, пред управната зграда на ЈП ПОЦ, Градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели пакетите со основни животни намирници на семејства со висок социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Центар.  Пакетите кои се состојат од храна и средства за лична хигиена, веќе пет месеци во континуитет општината ги доделува на вкупно 150 семејства, кои секојдневно …

Центар им подели пакети со основни намирници на семејства со висок социјален ризик Read More »

Барселона го замрзна трансферот на Гризман


Барем привремено стопиран е трансферот на напаѓачот на Атлетико во Барселона, Антоан Гризман, објави шпанска „Марка“. Спорни се висината на трансферот која се проценува на 120 милиони евра, а платата на играчот – 17 милиони евра годишно. Исто така, се шпекулира дека играчите на Барселона се против доаѓањето на францускиот напаѓач. Минатата сезона Гриеман одигра …

Барселона го замрзна трансферот на Гризман Read More »

(Видео) Хрватски пратеник молчеше осум и пол минути на говорницата во Саборот


Пратеникот во хрватскиот сабор од редовите на партијата Жив ѕид, Иван Пернар денеска осум и пол минути стоеше и молчеше на собраниската говорница, откако беше предупреден дека може да дискутира само за темата што е на дневниот ред за расправа. Имено, Пернар наместо за договорот меѓу Хрватска и ЦЕРН, кој беше на дневниот ред на …

(Видео) Хрватски пратеник молчеше осум и пол минути на говорницата во Саборот Read More »

Нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром


Во населбата Хиподром во општина Гази Баба денеска беше пуштен во употреба нов објект на основното училиште „Вера Јоциќ“, што ги заменува старите и дотраени бараки каде што учат околу 550 ученици. Изграден е на површина од 2.125 квадратни метри, со приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и библиотека.  Објектот е …

Нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром Read More »

Спасовски: Полицијата подготвена за спасувачки операции


– По повод Денот на полицијата во рамки на Алпинистичко-спасувачките показни вежби „Водно 2019“ денеска припадници на полицијата изведоа две показни вежби на падините на средно Водно, со што ја прикажаа подготвеноста за спасувачки операции. Во рамки на активностите беше изведена спасувачка акција на заглавени патници во кабини на жичница со примена на алпинистички техники, специјална опрема …

Спасовски: Полицијата подготвена за спасувачки операции Read More »

Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред


Министерот за финансии Драган Тевдовски е задоволен од Изештајот за напредокот на земјата на Европската комисија во кој, како што оценува, јасно се потенцира дека МФ во соработка со ММФ, Светска банка, ЕК и ЕУ спроведе реформи со кои е подобрен системот на јавните финансии. -Во извештајот се јасно потенцирани клучните реформи што се направени …

Тевдовски задоволен од Извештајот на ЕК: Покажуваме сериозен капацитет и одиме напред Read More »

Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи


Премиерот Зоран Заев очекува датумот за почеток на преговорите со Европската унија земјава да го добие летово. Смета дека тоа е реална опција ако извештајот на ЕК за напредокот помине во националните парламенти на државите членки. Вели дека само доколку националните парламенти на земјите членки не успеат во тоа, одлуката за добивање датум за преговори …

Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи Read More »

Заев нема да преговара за двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски


Премиерот Зоран Заев нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што, како што рече, пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон. – За мене не е само банално, туку и смешно да се …

Заев нема да преговара за двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски Read More »

Николовски: Кадровската смена нема да се одрази на реформите и работата


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој со најавената реконструкција на Владата ќе ја напушти министерската функција откако неодамна беше поставен за генерален секретар на владејачката СДСМ, вели дека кадровската смена нема да се одрази на реформите и активностите во ресорот каде смета дека работите се добро поставени, изграден е сериозен систем и …

Николовски: Кадровската смена нема да се одрази на реформите и работата Read More »

Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“


Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, пренесе 1ТВ. Ова на денешното судско рочиште го откри обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој од судечкиот совет побара на обвинетиот Груевски повторно да му биде одреден притвор. – Повторно бараме …

Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“ Read More »