Ученички од Скопје на екскурзија зеле екстази, завршиле на Токсикологија


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје.

По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош.

Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за целосно расчистување на случајот.