Во Јапонија почнаа да организираат Покемон венчавки


Escrit, јапонска компанија специјализирана за организирање венчавки, неодамна се здружи со The Pokemon Company и почна да нуди лиценцирани Покемон подароци.
Пред неколку дена објавени се фотографии од првата церемонија, а сѐ е во знакот на познатиот цртан филм.

Додека ги гледате овие фотографии треба да имате на ум дека ова не е свадба што ја организирале неколку ентузијасти и вљубеници во Покемон, оваа организација е дело на професионалци кои имаат лиценца од The Pokemon Company.

На самата церемонија на венчавката младоженецот и невестата имаат придружба од две Покемон маскоти, чија улога е да бидат телохранители на младенците. Освен маскотите, во пакетот за венчавка сите гости добиваат и храна во знакот на Покемон.