Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна


Повеќе од 15 илјади луѓе се евакуирани во Хановер во Германија поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг. Германските медиуми посочуваат дека поради бомбата тешка 500 килограми, пронајдена вчера попладне на едно градилиште, биле евакуирани 15.200 лица. Во таа област во прекин е и сообраќајот на подземната железница. Поради бомбата и …

Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна Read More »

Гори куќа во Тафталиџе


Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот. Засега не се знае причината за пожарот.

Едно лице е потешко, а шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Едно лице е потешко повредено, а шест полесно во три од вкупно девет сообраќајни несреќи што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Според денешните информации од СВР Скопје 36 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возачи и тоа три кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред …

Едно лице е потешко, а шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Ребалансот на Буџетот на владина седница


Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните …

Ребалансот на Буџетот на владина седница Read More »

Путин и Ердоган разговараа за формирање уставна комисија на Сирија


Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараа за формирање уставна комисија на Сирија која ќе се ангажира за изготвување нов устав за земјата, соопшти Кремљ. Како што се наведува, разговорот бил на иницијатива на турската страна. – Во пресрет на петтиот самит на Астанскиот процес, кој треба да …

Путин и Ердоган разговараа за формирање уставна комисија на Сирија Read More »

Железници Транспорт: Во тек се преговари за техничките недостатоци на гарнитурите, можна арбитражна постапка


Во тек се преговори со кинеската компанија ЦРРЦ за исполнувањето на обврските од договорите за обнова на возниот парк со патнички гарнитури и локомотиви, а кои се однесуваат на техничките недостатоци на гарнитурите.  Доколку преговорите не бидат успешни, како правна можност е започнување на арбитражна постапка пред Арбитражниот суд во Скопје, изјавија денеска за МИА …

Железници Транспорт: Во тек се преговари за техничките недостатоци на гарнитурите, можна арбитражна постапка Read More »

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13 во затворот во Шутка


Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и да му врачат налог за тоа. Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие …

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13 во затворот во Шутка Read More »

Се реконструира улицата „23 Октомври“ поранешна „Владимир Комаров“ во Аеродром


Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска ја почнаа реконструкцијата на улицата „23 Октомври“ (поранешната улица „Владимир Комаров“) во Општината Аеродром. Оваа сообраќајница ќе се обнови на должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот „Јане Сандански“. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија …

Се реконструира улицата „23 Октомври“ поранешна „Владимир Комаров“ во Аеродром Read More »

Извештајот за притворот на Катица Јанева стигна во Советот на јавни обвинители


Советот на јавни обвинители го доби извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет“, меѓу нив за мерката притвор што и беше одредена на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот. Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска во извештајот …

Извештајот за притворот на Катица Јанева стигна во Советот на јавни обвинители Read More »

Политичарите секогаш се невини


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Најмачниот ден што го доживеавме оваа година, апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, некој го илустрираше со славниот бројчаник на Триумфалната порта испишан со зборовите – „Двосед, тросед, табуретка“. Тоа е тоа што се сврте откако СДСМ дојде на власта со ветување дека ќе се пресмета со криминалот во државата, дека секој …

Политичарите секогаш се невини Read More »

Макрон на средба со НВО-а пред Г7, неколку го бојкотираат


Францускиот претседател Емануел Макрон во текот на денот ќе има средби со претставници на граѓанското општество, во пресрет на отворањето на Г7, притоа неколку невладини организации решија да го бојкотираат, жалејќи се што се оставени „настрана“ од самитот, јавува дописникот на МИА. Елисејската палата од своја страна изјави дека „навистина жали“ што триесет невладини организации, собрани во рамките на Мрежата за климатски активности …

Макрон на средба со НВО-а пред Г7, неколку го бојкотираат Read More »

ЕУ создава фонд на иднината од 100 милијарди евра


Европската унија создава фонд од 100 милијарди евра за инвестиции во стратешки области, во кои заедницата заостанува зад своите глобални конкуренти, пишува британскиот весник Фајненшл Тајмс (ФТ), кој успеал да се запознае со релевантните документи на Унијата Таканаречениот „Европски фонд за иднината“ ќе ги финансисра инвестициите на земјите членки во водечките индустриски групи и компании, …

ЕУ создава фонд на иднината од 100 милијарди евра Read More »

„Титаник“ одложен за 4 септември


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова. Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник“ до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО. Обвинителката Стефанова, …

„Титаник“ одложен за 4 септември Read More »

Да се спречи најавениот масакр на свињите бараат 17 здруженија


Животните не се предмети за се уништуваат, туку свесни, интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест на човек да му се згади при самата помисла за она што лежерно го најавија вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Трајан Димковски на прес-конференција во Владата пред три дена. Вака реагираат 17 граѓански здруженија …

Да се спречи најавениот масакр на свињите бараат 17 здруженија Read More »

Бектеши испрати писмо до Шаља, очекува деновиве повлекување на забраната за извоз


Министерот за економија, Крешник Бектеши во писмо до неговиот косовски колега, Ендрит Шаља наведе дека очекува во текот на овие работни денови Косово да ја повлече Одлуката за забрана за извоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа …

Бектеши испрати писмо до Шаља, очекува деновиве повлекување на забраната за извоз Read More »

Рејчел Галовеј: Политичките партии интересот на земјата мора да го стават пред сè


Реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија, па затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè, вели британската амбасадорка во Скопје, Рејчел Галовеј во интервју за МИА, во однос на потребата од …

Рејчел Галовеј: Политичките партии интересот на земјата мора да го стават пред сè Read More »

Првите ученици во „Киро Глигоров“ ќе влезат на 2 септември


Новото општинско основно училиште во Капиштец, „Киро Глигоров“ првите ученици ќе ги прими на првиот училишен ден, 2 септември, а два дена подоцна, ќе биде организирано свечено отворање, потврдуваат од Општина Центар за „Независен весник“. Капиштец ќе се поднови со „Киро Глигоров“ – Модерно училиште за модерни генерации Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец …

Првите ученици во „Киро Глигоров“ ќе влезат на 2 септември Read More »

АА: Во Шведска формирана првата „Партија на мигранти“


Шведскиот политичар од турско потекло, Микаил Јуксел, во земјата ја формира првата „Партија на мигранти“, пренесе турската државна агенција Анадолија. Јуксел во изјава за тамошните медиуми подвлече дека неговата партија ќе ги преставува интересите на мигрантите. Веќе е поднесено барањето за нејзина регистрација во изборниот орган на оваа скандинавска земја, за да може да се …

АА: Во Шведска формирана првата „Партија на мигранти“ Read More »

Србин и Турчин уапсени на аеродромот во Скопје


Двајца странци кои се бараат за апсење се приведени на аеродромот во Скопје, соопшти полицијата. Се работи за српски и за турски државјани на кои во евиденцијата им стои дека треба да бидат уапсени. Имено, во четвртокот, во 17.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење пасошка контрола и …

Србин и Турчин уапсени на аеродромот во Скопје Read More »

Пешак прегазен во Аеродром


Со тешки повреди се здоби жена која преминувала сервисна улица која се крсосува со булевар во Аеродром кога на неа налетало патничко возило, соопшти МВР. Имено, во четвртокот, во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“ патничко моторно возило „Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки …

Пешак прегазен во Аеродром Read More »