Пешак прегазен во Аеродром


Фото: Независен

Со тешки повреди се здоби жена која преминувала сервисна улица која се крсосува со булевар во Аеродром кога на неа налетало патничко возило, соопшти МВР.

Имено, во четвртокот, во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“ патничко моторно возило „Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Д.(70) од Скопје удрило во пешак М.В.(66) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.В. по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.