Србин и Турчин уапсени на аеродромот во Скопје


Двајца странци кои се бараат за апсење се приведени на аеродромот во Скопје, соопшти полицијата.

Се работи за српски и за турски државјани на кои во евиденцијата им стои дека треба да бидат уапсени.

Имено, во четвртокот, во 17.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Република Србија евидира со мерка “А” (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка .

Истиот ден во 21 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Република Турција евидира со мерка “Aпси“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.