Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева


Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор. – Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат …

Заев го демантира Милошоски за притворот на Јанева Read More »

МВР ќе изнајми возила за иста сума колку што чинат


  Министерството за внатрешни работи преку оперативен лизинг изнајмува 9 возила од две автомобилски компании за кои за 3 години ќе треба да плати речиси 307.000 евра и потоа ќе треба да ги врати. Во просек, за тие 36 месеци, Министерството ќе плати по 35.000 евра за возило, сума која е приближно иста со основната …

МВР ќе изнајми возила за иста сума колку што чинат Read More »

Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО


Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство. Се очекува предавањето на предметите да …

Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО Read More »

Дутерте предлага ќотек и пукање како методи за справување со корупцијата на Филипини


Претседателот на Филипини Родриго Дутерте предложи граѓаните во државата да пукаат во службеници кои од нив бараат поткуп, но да не ги убиваат, објави весникот „Манила булетин“. – Ако плаќате данок или нешто друго и службениците ви бараат за тоа поткуп – удрете ги. Ако имате оружје, можете да пукате во нив, но да не …

Дутерте предлага ќотек и пукање како методи за справување со корупцијата на Филипини Read More »

Во Јапонија живеат над 70.000 стогодишници


Во Јапонија првпат откако се води статистика бројот на луѓе постари од 100 години надмина 70.000, се наведува во извештајот на Владата објавен денеска, додавајќи дека бројот на стогодишници се зголемува 49-та година по ред. – Вкупно 71.238 стогодишници живеат во Јапонија, што претставува зголемување од два проценти од минатата година, и од тој број …

Во Јапонија живеат над 70.000 стогодишници Read More »

(Фото/Видео) Торнадо, поплави, дожд, превртени возила, заробени луѓе – хаос во Шпанија


  Силна бура во четвртокот зафати делови од Шпанија, а во големото невреме загинаа најмалку двајца, јави „Гардијан’. Од локалните итни служби изјавија дека двајца, жена на возраст од 51 година и нејзиниот брат на возраст од 61 година, се пронајдени мртви под автомобил кој се превртел на стотина километри од Валенсија. И понатаму на …

(Фото/Видео) Торнадо, поплави, дожд, превртени возила, заробени луѓе – хаос во Шпанија Read More »

Со сопственост на недвижнина од два милиони евра до грчки пасош


За привлекување инвестиции, грчката влада размислува да донесе закон за доделување грчко државјанство и грчки пасош за странците од трети земји кои ќе купат недвижен имот во Грција во вредност од најмалку два милиони евра, објави грчкиот весник „Катимерини“. Според истите информации, идејата на владата е физички и правни лица да ја одберат Грција како …

Со сопственост на недвижнина од два милиони евра до грчки пасош Read More »

Македонските и бугарските историчари денеска ќе разговараат за Делчев


Седмиот состанок на мешовитата македонско бугарска експертска комисија продолжува денеска во Софија со расправа за ликот и делото и можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба на комисијата во јуни, а тогаш претседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени …

Македонските и бугарските историчари денеска ќе разговараат за Делчев Read More »

И за хибридните автомобили ќе се плаќа данок


Со постојната регулатива, патничките автомобили на хибриден погон, со комбинација на мотор со внатрешно согорување и електромотор, се ослободени од акциза. Со новиот закон за данок на моторни возила, кој ќе важи од ноември, хибридите ќе се оданочуваат. „Досега законот даваше привилегии за хибридите, затоа што целта беше да се поттикне возењето на автомобили со …

И за хибридните автомобили ќе се плаќа данок Read More »

Не е сеедно дали Јанева ќе биде разрешена пред „финале“


Иако спикерот Талат Џафери најави дека до истекот на мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе закаже пленарна седница на парламентот за нејзино разрешување, опозицијата се сомнева дека чинот свесно се пролонгира, за Советот на јавни обвинители да нема време да ја донесе конечната одлука. – По сè изгледа дека намерно се одолговлекува ставањето на …

Не е сеедно дали Јанева ќе биде разрешена пред „финале“ Read More »

„Херитиџ“: Северна Македонија е најслободна економија во регионот


Северна Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ“. Со резултат 71,1 Северна Македонија е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција …

„Херитиџ“: Северна Македонија е најслободна економија во регионот Read More »

Кога ќе паднеш во дупка, престани да копаш


ЕРОЛ РИЗАОВ Кога ќе паднеш во дупка, прво што треба да направиш е да престанеш да копаш оти сè подлабоко пропаѓаш во неа. Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кога седнаа да преговараат за компромисни решенија за законот за јавно обвинителство, паднаа во дупка од која ако не излезат веднаш ќе пропаднат …

Кога ќе паднеш во дупка, престани да копаш Read More »

Бура околу новото портфолио „Европски начин на живот“


Европскиот начин на живот е под сериозна закана – барем како нов наслов на портфолиото за потпретседател на Европската комисија. Новоизбраниот претседател на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, е под притисок да ја смени титулата што ја предложи за новиот потпретседател кој ќе ја надгледува миграциската политика по негодувањето од европратениците и другите кои рекоа …

Бура околу новото портфолио „Европски начин на живот“ Read More »

Балкански претприемачки самит во Скопје


Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, кој годинава се најде на листата на „Форбс“, денеска ќе се одржи во Скопје. На претприемачкиот самит, настан кој на едно место обединува голем број успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред …

Балкански претприемачки самит во Скопје Read More »

Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат


Тесните улички, куќите споени една до друга и непристапните влезови во зградите претставуваат проблем за навремено и најсоодветно да се изгасне пожарот. Нашето доаѓање во овие ситуации е како на Бетмен, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во интервју за МИА. – Имаме две возила што се оштетени од влезовите …

Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат Read More »

Наградата „Ристо Шишков“ за хрватскиот актер Драшко Зидар


Хрватскиот актер Драшко Зидар ја доби наградата за високо актерско остварување на 27 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое заврши синоќа во Струмица. Актерот наградата ја доби за улогата на Сладек во претставата „Аудиенција“, работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Дражен Ференчина, а во продукција на театарот од …

Наградата „Ристо Шишков“ за хрватскиот актер Драшко Зидар Read More »

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ


Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. – …

Хан: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ Read More »

Интензивирани активностите за примена на препораките на УНЕСКО и заштита на охридскиот регион


Мешовита владина група предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска одржа средби со претставници од општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство во охридскиот регион. Како што соопшти владината прес-служба, на средбите со градоначалниците Константин Георгиевски и Рамиз Мерко и општинските …

Интензивирани активностите за примена на препораките на УНЕСКО и заштита на охридскиот регион Read More »

Самостојниот синдикат за здравство ги осудува нападите врз докторите


Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска преку соопштение ги осуди нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа. –  Најостро ги осудуваме нападите на …

Самостојниот синдикат за здравство ги осудува нападите врз докторите Read More »

Администрацијата е бавна и прави проблеми


НИКОЛА ПОПОВСКИ Во една пригода, иконата на економскиот ултранеокласицизам, познатиот економист и професор Фридриф Хајек, напиша дека основната задача на економската теорија е да објасни како се доаѓа до приспособувањето кон непознатото. „Недвојствено е дека постојаните промени во економските активности се предизвикани од голем број фактори што никој во целина не ги познава. Оттука, ние …

Администрацијата е бавна и прави проблеми Read More »