(Фото/Видео) Торнадо, поплави, дожд, превртени возила, заробени луѓе – хаос во Шпанија

 

Силна бура во четвртокот зафати делови од Шпанија, а во големото невреме загинаа најмалку двајца, јави „Гардијан’.

Од локалните итни служби изјавија дека двајца, жена на возраст од 51 година и нејзиниот брат на возраст од 61 година, се пронајдени мртви под автомобил кој се превртел на стотина километри од Валенсија.

И понатаму на сила е црвен метео-аларм и тоа во повеќе покраини како Алмериа, Аликанте, Валенсија и Мурција. Преку 200 војници и 100 воени возила распоредени се во погодените подрачја, за да им помогнат на цивилните власти, наведе војската на Твитер.

Од противпожарната служба во Валенсија објавија дека спасувачките екипи спасиле тројца од река. Во текот на операцијата за спасување четири полицајци се повредени, а едно лице е извадено со помош на хеликоптер.

Според прогнозите бурата продолжува и денеска, а се предвидува дека ќе ги погоди регионите на валенсија, Аликанте и Мурсија.

Невремето најпрво го погоди градот Онтињет, кој се наоѓа на југот на Валенсија, каде реката Кларијано се прелила по улиците, а градоначалникот рече дека во градот паднал најмногу дожд до сега. Ќе бара од властите да прогласат елементарна непогода.

поради пробивање на брана евакуирани се 150 жители, додека 40 луѓе се спасени. Паднале ѕидови на едно училиште, а на брегот на Денија се појавило и мало торнадо, наведува „Ел Паис“.