Леден бран од Арктикот се спушта над Европа


Метеоролошкиот сервис „Севир ведер“ ЕУ објави дека температурите наскоро ќе бидат значително под просекот за ова време од годината, затоа што пристигнува многу студен арктички бран. Како што пренесуваат медиумите, многу студен арктички бран кој се движи кон Европа ќе предизвика голем температурен пад, а метеоролозите предвидуваат дека во некои региони за само 24 часа …

Леден бран од Арктикот се спушта над Европа Read More »

Еден час помалку ќе работи жичницата на Водно


Од денеска (1 октомври) Жичницата Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот. Поточно, работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле. Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до …

Еден час помалку ќе работи жичницата на Водно Read More »

АХВ ја прекинува вакцинацијата на свињи против свинска чума


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума и им наредува на ветеринарните друштва повлекување од промет на вакцината доколку ја имаат на залиха. Прекинувањето на вакцинацијата на свињите е дел од сетот превентивни активности преземени од АХВ, со цел создавање услови за добивање на …

АХВ ја прекинува вакцинацијата на свињи против свинска чума Read More »

Условите за работа главна пречка за ефективна и ефикасна работа на ДКСК


Условите за работа во период од седум месеци не се променети, а се уште не е направено електронското поврзување со 17-те институции за поддршка за побрзо ефикасно и ефективно работење на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тоа е резултат односно слика на тромоста на нашите институции, заклучи претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска …

Условите за работа главна пречка за ефективна и ефикасна работа на ДКСК Read More »

Братот на иранскиот претседател осуден на пет години затвор


Ирански суд го осуди Хосеин Ферејодун, брат на претседателот на земјата Хасан Рохани, на пет години затвор поради корупција. Во мај, Ферејодун беше осуден на неопределена затворска казна во случај на корупција, за што поддржувачите на претседателот, оценија дека е политички мотивиран. Портпаролот на судството, Голамхосеин Есмаили изјави дека е можно братот на претседателот да …

Братот на иранскиот претседател осуден на пет години затвор Read More »

Од четврток дожд и ветар


Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, која на некои места ќе наврнат и над 30 литри на метар …

Од четврток дожд и ветар Read More »

ДКСК нема покрена постапка пред Управен за указите на Иванов, ако не биле надлежни требало да го отфрлат предметот


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема покренато постапка пред Управен суд за именувањата односно указите направени од страна на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов за време на изборниот процес. Кабинетот на поранешниот претседател поднесе тужба за ДКСК пред Управниот суд. Доколку тој суд не е надлежен требаше да го отфрли предметот. Ова …

ДКСК нема покрена постапка пред Управен за указите на Иванов, ако не биле надлежни требало да го отфрлат предметот Read More »

Дипломати без сертификати


Во актуелнава ситуација, кога се очекува официјално да биде соопштено кои и колку македонски амбасади ќе бидат затворени, анализата на „Член 1“, Институт за глобални политики и право покажува дека Министерството за надворешни работи нема целосна документација околу именувањето на амбасадорите, нема стратегија за професионализација, а нема ни навика да го оценува нивното работење. Од …

Дипломати без сертификати Read More »

Проклетството на ВАР и во атлетиката


  Технологијата ВАР полека влегува во сите спортови и според мислењето на многумина ја убива магијата на спортот. Иако треба да им ја олесни работата на судиите, спортистите може токму поради неа да не постигнат успех. Во атлетиката ВАР се користи од Европското првенство во Белград 2017 година. Последица на користењето на оваа технологија е …

Проклетството на ВАР и во атлетиката Read More »

Ципрас: Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер за ЕУ и тредба да почне преговори


Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата над национализмот, можност за поблиска соработка меѓи двете земји, придонес за мирот и стабилноста во регионот, нешто за што се залага и Европската унија. Со ова, порача тој, Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер на Европската унија и таа треба …

Ципрас: Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер за ЕУ и тредба да почне преговори Read More »

Консумацијата на алкохол во Русија намалена за 40 отсто


Од 2003 досега консумацијата на алкохол во Русија е намалена за дури 43 отсто, покажуваат податоците во денеска објавениот извештај на  Светската здравствена организација (СЗО). Според извештајот, намалувањето на користење алкохол се припишува на големиот број мерки преземени од „застапникот на спортот“ – претседателот Владимир Путин и неговите ограничувања во продажбата на алкохол и промовирање …

Консумацијата на алкохол во Русија намалена за 40 отсто Read More »

Мичел: Преспанскиот договор е позитивен пример што мора да биде награден


Западот треба да покаже дека позитивните примери треба да бидат наградени, а Преспанскиот договор беше таков позитивен пример. Тој отвори ново поглавје во односите меѓу Грција и Северна Македонија, даде можности за подобра економска соработка и го отвори патот на Скопје кон Европската Унија. Преспанскиот договор има ефект и врз целиот регион, тој е резултат …

Мичел: Преспанскиот договор е позитивен пример што мора да биде награден Read More »

Заев: Регионот е сменет, должни сме да создаваме услови за развој


Верувам дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на Европската унија и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање. истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист“, …

Заев: Регионот е сменет, должни сме да создаваме услови за развој Read More »

Банкок нема повеќе да биде главен град на Тајван?


Заради пренаселеност, загадување и последици од климатските промени, како што се подигнување на нивото на морето, многу земји размислуваат да ги преселат своите престолнини. По Индонезија, Тајланд би можела да биде следната држава во југоисточна Азија која ќе ја пресели престолнината, откако премиерот Прајут Кан-Ока оцени дека таков чекор би му помогнало на Банкок да …

Банкок нема повеќе да биде главен град на Тајван? Read More »

Адеми: Остануваме посветени на зачувување на статусот на Светско наследство за Охридскиот регион


Министерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во Париз имаа работни средби со претставници на УНЕСКО за прогресот во зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот регион. Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, на вчерашните средби со директорката на …

Адеми: Остануваме посветени на зачувување на статусот на Светско наследство за Охридскиот регион Read More »

(Во живо) Самит на „Економист“ во Скопје


Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо преговори за членство. Со тоа што во јуни ја одложи одлуката сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува …

(Во живо) Самит на „Економист“ во Скопје Read More »

Курц во потрага по коалициски партнери


Себастијан Курц се врати, тоа е многу јасно. Неговата Австриска народна партија (АВП) на предвремените избори во неделата постигна нешто повисок резултат од очекуваниот, 37,1 отсто, според првичните резултати, со што поранешниот канцелар пак ќе биде на чело на земјата, четири месеци откако беше соборен. Она што е далеку помалку сигурно е со која партија …

Курц во потрага по коалициски партнери Read More »

Затворен еден од најозлогласените затвори во Мексико


Мексиканските власти денеска го затворија еден од најозлогласените затвори во кој пред три и пол години во немири загинаа околу 50 затвореници. Гувернерот на државата Нуево Леон Хаиме Родригес рече дека наместо затвор, Топо Чико ќе биде државен архив. Во тој затвор во судири на две фракции од картелот Зетас во февруари 2016 година загинаа …

Затворен еден од најозлогласените затвори во Мексико Read More »

(Видео) Во Тајван се урна мост, има исчезнати


Висок мост преку залив во пристаниште во североисточен Рајван денеска се урна врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе. Светските агенции јавија дека 140 метри долгиот мост се урнал врз неколку рибарски бротчиња и оти постои сомнеж дека најмалку шест членови на екипажи се заглавени во нив. Најмалку девет лица паднале во вода, …

(Видео) Во Тајван се урна мост, има исчезнати Read More »

САД соопштија дека уапсиле кинески шпион


Во околината на Сан Франциско е уапсен американски државјанин со кинеско потекло Сјуехуа, односно Едвард Пенг, поради сомнежи дека работел како кинески шпион. Пенг работел како туристички водич, а во исто време како агент на кинеската Влада од 2015 до 2018 година и доставувал доверливи материјали за американската национална безбедност. Пенг бил приведен во петокот …

САД соопштија дека уапсиле кинески шпион Read More »