(Фото) Заразена од корона вирус плаќала сметки во пошта во Загреб


Фото: Б. Грданоски - Илустрација

Жена заразена од корона вирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треда се да дезинфицираат.

Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог.

Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација.

Утрово таа дошла да ги плати сметките и кога завршила кажала дека е заразена од коронавирус и дека сè треба да се дезинфицира“, рече Рајковиќ.

Тој додаде дека сите кои во тој момент биле во поштата треба да се изолираат и ги замоли заразените да останат дома.