Се урна мост во Италија, повреден е возач на камион


Во Италија денеска се сруши мост и повреден е возач на камион, изјави портпаролот на италијанската противпожарна бригада.

Мостот се наоѓа на прометен пат  во близина на градот Аула, помеѓу Џенова и Фиренца.

На местото се наоѓаат пожарникари, а со сообраќајот управува државниот оператор Анас.