Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“


Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослбодителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Судот реши дека покрај Бошкоски и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Тројца обвинети српски државјани, Предраг …

Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“ Read More »

Почна изградбата на платформите за компостерките за биоотпад во Пробиштип


Почна изградбата на платформите за поставување на компостерските единици за преработка на биоотпадот во Општина Пробиштип. Едната компостерка ќе биде поставена во близина на Градскиот пазар, а втората во населбата Калниште. Раководителот на лабоработијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Дејан Мираковски вели дека Пробиштип е првата општина која ќе реализира еден ваков проект, што …

Почна изградбата на платформите за компостерките за биоотпад во Пробиштип Read More »

Грацијано: Северна Македонија игра важна улога во стабилноста на регионот


Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано во рамки на неговата официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија денеска оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, на средбата на генерал Ѓурчиновски со …

Грацијано: Северна Македонија игра важна улога во стабилноста на регионот Read More »

Грета Тунберг се пошегува и со Путин


Рускиот претседател Владимир Путин на Форумот за енергетика во Москва завчера, говорејќи за шведската активистка за заштита од климатските промени, Грета Тунберг, ја оцени како „фина и многу искрена девојка“ која не ги разбира комплексностите на современиот свет. – Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој …

Грета Тунберг се пошегува и со Путин Read More »

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука што ќе ја загрози професионалната работа на таа организација. -Ако Интерпол се политизира, тогаш сите случаи ќе се одлучуваат политички. Веќе нема да се прашувате дали за некој криминалец имате распишана црвена потерница на Интерпол, туку …

Стефановиќ: Приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука Read More »

Мета: Ќе направам се за земјата да се нормализира што е можно поскоро


Албанскиот претседател Илир Мета е убеден дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, 24 јули 2022 година. Додава дека не се плаши дека ќе биде разрешен од Собранието, бидејќи според него законодавниот дом има само 82 „целосно легитимни гласови за да му судат на Претседателот на Република Албанија“. Гостувајќи во телевизиска емисија тој …

Мета: Ќе направам се за земјата да се нормализира што е можно поскоро Read More »

Помпео викендов на средби во Атина и потпишување договор за одбранбена соработка САД-Грција


Билатерален договор за одбранбена соработка ќе потпишат Грција и САД за време на посетата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео кој викендов ќе биде во Атина на средби со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и со министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина. …

Помпео викендов на средби во Атина и потпишување договор за одбранбена соработка САД-Грција Read More »

Поради „Бела ноќ“ пренасочен сообраќај во Скопје


Во сабота со почеток од 19 часот, во организација на ЈУ Универзална сала Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „БЕЛА НОЌ“. Поради тоа ќе се пренасочи сообраќајот. Манифестацијата се одржува на платото пред Универзална сала, на булeварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул.„Костурски херои“, во насока на движење …

Поради „Бела ноќ“ пренасочен сообраќај во Скопје Read More »

Бузаку: Реџепи сторил кривично дело перење пари


Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство Скопје доставил докази кои според него покажуваат дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. Бузаку тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ. – Доказите …

Бузаку: Реџепи сторил кривично дело перење пари Read More »

Фирмата „Кепс МОНТ ГРОУП“ ќе ја изнесува троската со тешки метали ридот на поранешната велешка „Топилница“


Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски издаде Б-Интегрирана еколошка дозвола на скопската фирма „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје, со што е дадено зелено светло таа да почне активности на терен за изнесување на 1,8 милиони тони техногена минерална суровина. Станува збор за минерална суровина од таканаречениот „Црн рид“ со згура настанат како последица од 30-годишното …

Фирмата „Кепс МОНТ ГРОУП“ ќе ја изнесува троската со тешки метали ридот на поранешната велешка „Топилница“ Read More »

Пацоли: Трамп сака Србија да го признае Косово


Косовскиот министер за надворешни работи во оставка Беџет Пацоли го поздрави иманувањето на американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел за специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли преку својата страница на Фејсбук порача дека „ова ја потврдува посветеноста на Соединетите Американски Држави …

Пацоли: Трамп сака Србија да го признае Косово Read More »

Владата го поздрави барањето на челниците на ЕУ за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија


Владата на Република Северна Македонија денеска го поздрави писмото што претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата наследничка, Урсула Фон Дер Лејен и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли го испратија до земјите членки на ЕУ, со кое бараат започнување на пристапните преговори за членство во Унијата со Северна …

Владата го поздрави барањето на челниците на ЕУ за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија Read More »

Со новиот ГУП нема да се гради јужната обиколница


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, најави дека со носењето на новиот Генерален урбанистички план ќе се спречи изградбата на јужната обиколница. Како што појасни градоначалникот, стручната јавност смета дека со планираната изградба на јужната обиколница ќе се уништи голем дел од Водно, а тоа би донело поголема штета на градот отколку добро. – Јужната обиколница …

Со новиот ГУП нема да се гради јужната обиколница Read More »

Паметните канти на професор од Кавадарци нѝ кажуваат кое ѓубре не го примаат


Патентот „паметни  канти” изработени од кавадаречка фирма во која управител е проф. д-р Димитрија Ангелков, освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019. Паметните канти, вели Ангелков, веќе од оваа година се произведуваат и дистрибуираат по училишта и градинки. -Проектот е едукативен, забавен, еколошки и со најниска цена на чинење во светот,  од само …

Паметните канти на професор од Кавадарци нѝ кажуваат кое ѓубре не го примаат Read More »

„Монструм“: Фетаи прашува дали е побарана екстрадиција за обвинетите Демри и Исмаиловиќ


Со читање на транскрипти од разговори и СМС пораки во кои се опфатени разговори меѓу непознати лица со лицата Арменд и Фада, во кои тие прашуваат дали знаат нешто за убиството во близина на обиколницата кај Сингелиќ, денеска почна рочиштето за убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро. Во транскриптите што ги читаше судијата …

„Монструм“: Фетаи прашува дали е побарана екстрадиција за обвинетите Демри и Исмаиловиќ Read More »

Симовски апелира законот за попис да се донесе што поскоро


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изрази надеж дека политичките партии  и пратениците ќе најдат разбирање и време к да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели, е од исклучително значење за државата и за сите граѓани. – Ова е исклучително …

Симовски апелира законот за попис да се донесе што поскоро Read More »

Конзервните фабрики голем товар за работата на пречистителната станица во Гевгелија


Конзервните фабрики за преработка на зеленчук и овошје од Гевгелија, трета сезона по ред во периодот од средината на август до крајот на ноември, посебно во сезоната за производство на пинџур, претставуваат потенцијална опасност за нормалното функционирање на пречистителната станица за отпадна вода, велат од Јавното комунално претпријатие кое стопанисува со станицата. Раководителот на пречистителната …

Конзервните фабрики голем товар за работата на пречистителната станица во Гевгелија Read More »

Грција: Мигрантите ќе се сместуваат во туристички капацитети


За сместување на граѓани на трети земји, баратели на азил, Министерството за цивилна заштита на Грција, објави повик за добивање понуди за изнајмување туристички објекти и станбени комплекси. Министерството бара понуди за хотели, хотелски комплекси, опремени соби -апартмани, организирани туристички кампови со бунгалови и слично со најмалку 20 кревети и станбени објекти со квадратура што …

Грција: Мигрантите ќе се сместуваат во туристички капацитети Read More »

Прогласена вонредна состојба во Еквадор


  Претседателот на Еквадор Ленин Морено прогласи вонредна состојба во четвртокот поради масовните протести и демонстрации поради зголемувањето на цената на горивата за повеќе од 100 отсто, пишува Ројтерс. Заради намалување на субвенциите за гориво протестираа возачите на такси, автобуси и камиони, ги блокираа улиците од рано утро во престолнината Кито и во Гвајакил на …

Прогласена вонредна состојба во Еквадор Read More »

Осум години затвор за член на групата „Пинк пантер“


  Судот во Босна и Херцеговина осуди на осум години затвор член на криминалната група „Пинк пантер“. Мирослав Весковиќ е осуден за кривично дело организиран криминал. Тој од 18 мај 2018 година беше во притвор, а во затворската казна му се смета и времето поминато во притвор. Покрај затворската казна, тој заедно со уште двајца …

Осум години затвор за член на групата „Пинк пантер“ Read More »