Осум години затвор за член на групата „Пинк пантер“


 

Судот во Босна и Херцеговина осуди на осум години затвор член на криминалната група „Пинк пантер“.

Мирослав Весковиќ е осуден за кривично дело организиран криминал. Тој од 18 мај 2018 година беше во притвор, а во затворската казна му се смета и времето поминато во притвор.

Покрај затворската казна, тој заедно со уште двајца осудени треба да врати околу 800.000 евра на оштетената „Павловиќ интернационална банка“.