Поради „Бела ноќ“ пренасочен сообраќај во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Во сабота со почеток од 19 часот, во организација на ЈУ Универзална сала Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „БЕЛА НОЌ“.

Поради тоа ќе се пренасочи сообраќајот. Манифестацијата се одржува на платото пред Универзална сала, на булeварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул.„Костурски херои“, во насока на движење кон центарот во Скопје.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.