Прогласена вонредна состојба во Еквадор


 

Претседателот на Еквадор Ленин Морено прогласи вонредна состојба во четвртокот поради масовните протести и демонстрации поради зголемувањето на цената на горивата за повеќе од 100 отсто, пишува Ројтерс.

Заради намалување на субвенциите за гориво протестираа возачите на такси, автобуси и камиони, ги блокираа улиците од рано утро во престолнината Кито и во Гвајакил на пацифичкиот брег. Училиштата беа затворени, а учениците излегоа на улица и им се придруќија на демонстрантите кои ги блокираа улиците и палеа гуми.

Претседателот Морено прогласи вонредна состојба на национално ниво.

Вонредната состојба овозмоќува воспоставување сигурносни зони на територијата на Еквадор, суспензија или ограничување на некои права, како слобода на движење и воведување цензура во медиумите. Исто така, ќе моќе да се ангажира и војската и полицијата за зачувување на јавниот ред и мир.

Екваторскитот Устав предвидува тие мерки да бидат на сила 60 дена, а потоа може да се продолжат уште 30.

Во Кито маскирани момчиња предизвикаа нереди, а полицијата ги спречи со солзавец и разместување оклопни возила.

„Ќе протестираме додека владата на ја укине уредбата за субвенции. Ќе ја парализираме нацијата“ вели водачот на автобус во градскиот превоз Абел Гомез.