Заев му честита на Курти за изборната победа, но не и Рама


Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и други претставници на државите од регионот му се јавиле на Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти да му честитаат за победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово на 6 октомври, но тоа не го сторил и албанскиот премиер Еди Рама, јави дописникот на МИА …

Заев му честита на Курти за изборната победа, но не и Рама Read More »

Без Косово, Албанија се повлекува од „мини шенген“


Доколку Косово не биде вклучено во планот за „мини шенген “ на Балканот, Албанија најави повлекување од оваа иницијатива. Како што вели министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, вклучувањето на Приштина во регионалниот „мини шенген“ е суштински услов на премиерот на Албанија Еди Рама и за тоа нема да преговара. Дополнително, официјална Тирана …

Без Косово, Албанија се повлекува од „мини шенген“ Read More »

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на неговата политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија. – Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, тоа е единствен пристап. Сè …

Вучиќ: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија е потврда за нашите блиски врски со Русија и Кина Read More »

Ставен под контрола пожарот што синоќа изби во атинско предградие


Противпожарната служба на Грција го стави под контрола пожарот, што кусо по полноќ изби во местото Порто Рафти, во источниот дел на областа Атика, а според локалните медиуми превентивно беа евакуирани дел од жителите, jави дописничката на МИА од Атина. Пожарот изби во близина на куќи и згради, а силниот ветер дополнително го отежнуваше справувањето …

Ставен под контрола пожарот што синоќа изби во атинско предградие Read More »

Одложеното дерби Барселона – Реал Мадрид презакажано за 18 декември


Натпреварот од 10. коло од шампионатот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи на 18 декември, според официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на земјата. Времето за почеток на средбата сè уште не е објавено. Tаква одлука донесе Комитет за натпреварување, анализирајќи ги предлозите на двата клуба, при тоа разгледувајќи го и извештајот …

Одложеното дерби Барселона – Реал Мадрид презакажано за 18 декември Read More »

(Видео) Прва снимка од бугарскиот камион со 39 тела во Британија


Први снимки од камионот во кој беа пронајдени 39 тела на мажи во велика Британија се појавија на интернет. На видеата се гледа паркиран камион во индустрискиот парк во Есекс во Англија. полицијата го уапси возачот, а сега се појавија и први снимки од камионот. Во камионот беа пронајдени тела на 38 возрасни мажи и …

(Видео) Прва снимка од бугарскиот камион со 39 тела во Британија Read More »

Во сообраќајка во Скопје повредени шестмина


Ноќеска, по полноќ на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано М.К.(21) од Велес и патничко моторно возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.И.(21) од …

Во сообраќајка во Скопје повредени шестмина Read More »

Ја закопал мајката во гаража за да ѝ ја зема високата пензија


  Маж од Белград, ја закопал својата мртва мајка во гаража во белградската населба Дедиње, дознава „Блиц“. Според неофицијални информации, жената умрела од природна смрт, а нејзиниот син С.Р. нејзиното безживотно тело го закопал во гаража, најверојатно поради високата пензија којаја земала несреќната жена. Истрагата е во тек.

Велика Британија: Во камион најдени тела на 39 мажи, уапсен возачот


Во контејнер на камион во Есекс, пронајдени се тела на 39 мажи, а поради сомнеж дека сторил убиство уапсен е 25-годишниот возач на камионот, по потекло од Северна Ирска. Камионот со телата, за кој е утврдено дека стигнал од Бугарија во неделата, откриен е рано утрово во индустрискиот парк „Вотерглејд“ на Источната авенија, пренесе Би-би-си. …

Велика Британија: Во камион најдени тела на 39 мажи, уапсен возачот Read More »

Почна поставување на метална конструкција за изградба на нова училишна спортска сала кај „Наце Буѓони“ во Куманово


Почнаа градежни активности за поставување на метална конструкција на училишна спортска сала која се гради во близина на кумановското средно училиште „Наце Буѓони“. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово. Општина Куманово претходно, а согласно склучениот договор со ресорното министерство …

Почна поставување на метална конструкција за изградба на нова училишна спортска сала кај „Наце Буѓони“ во Куманово Read More »

Јакнење на човечкиот капитал како одговор на демографските промени во ЈИЕ


Инвестирање во човечкиот капитал, особено во здравјето на луѓето, образованието и иновативниот потенцијал е клучната стратегија за одговор на демографските промени во Југоисточна Европа, заклучија учесниците на регионалната конференција што во Сараево ја организираше Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА. На конференцијата беше посочено дека државите од Југоисточна Европа со години имаат ниски стапки на …

Јакнење на човечкиот капитал како одговор на демографските промени во ЈИЕ Read More »

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан


Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од …

Мицотакис: Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан Read More »

Македонската футсал репрезентација се соочува со проблеми поради повреди на Даниел и Петровиќ


Македонската футсал репрезентација утре ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2020 година. Селекторот Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на влијателните играчи Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ, но вели дека нема да се откажеме од борба за втората позиција во групата. – За натпреварите од турнирот …

Македонската футсал репрезентација се соочува со проблеми поради повреди на Даниел и Петровиќ Read More »

Човек се затвори во музеј во Франција, се заканува на арапски


Француската полиција соопшти дека маж се затворил во музеј на југот на Франција и се заканува на арапски јазик. Во тек е полициска интервенција која почна утрово во Сан Рафаел во Вар на југот на Франција, јави Ла паризиен повикувајќи се на националната полиција. Како што се наведува, барем еден човек е затворен во археолошкиот …

Човек се затвори во музеј во Франција, се заканува на арапски Read More »

Време за рационалност, промени и работа


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ   Зад нас се две возбудливи недели на огромни промени и предизвици за Македонија. Од една страна политиката на неправење реформи дома и продавање магла надвор се соочи со реалноста дека не поминува во ЕУ, од друга политичка одговорност мора да има и затоа оваа влада на Заев паѓа и одиме на избори. …

Време за рационалност, промени и работа Read More »

Ле Поен: Кукавичлукот на Франција на Балканот


Во уреднички коментар за угледниот француски весник „Ле Поен“, новинарот Лук де Бароше ја нарекува „кукавичлук“ француската блокада на Македонија и Албанија минатата недела во Брисел. – Во миг кога Соединетите Американски Држави на Доналд Трамп ги предаваат Курдите, Франција го пушта Балкан низ вода. Непосредните последици се помалку драматични, но откажувањето е слично. Под …

Ле Поен: Кукавичлукот на Франција на Балканот Read More »

Муртезани: За Железницата има работа, со нови локомотиви ќе бидеме поконкурентни


Постои голем потенцијал на пазарот, но треба најбрзо што можеме да ги добиеме и пуштиме во употреба новите локомотиви, за да можеме да бидеме поконкурентни и побрзи во превозот, истакна во интервју за МИА директорот на железници Транспорт АД Скопје, Орхан Муртезани. Приходите од товарниот сообраќај во првите девет месеци од годинава во споредба со …

Муртезани: За Железницата има работа, со нови локомотиви ќе бидеме поконкурентни Read More »

Почетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, изрази задоволство по убедливиот триумф (5:0) над Црвена ѕвезда во натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите. Тој смета дека овој резултат ќе му ја врати самодовербата на тимот која беше разнишана во последно време. – Резултатот беше важен од две причини: да се врати самодовербата на тимот и …

Почетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда Read More »

Исчезнати две лица по судир на чамец со мигранти и брод на грчката крајбрежна служба


Во тек е акција за пронаоѓање и спасување на две лица, меѓу кои едно дете, откако утрово се судри чамец што пренесувал бегалци и мигранти со патролен брод на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, источно од островот Кос, jави дописничката на МИА од Атина. Во чамецот што од турското крајбрежје се упатил кон Грција, …

Исчезнати две лица по судир на чамец со мигранти и брод на грчката крајбрежна служба Read More »

Бури и поплави на југот на Франција


  Бури и обилни врнежи од дожд забележани се утрово на југот на Франција и предизвикаа поплави во некои градови во тој регион. Француската метеоролошка служба предупреди дека бурата може да потрае до утре, пренесува Ројтерс. невремето почна во вторникот вечерта, а поради јачината портокалов аларм на предупредување ќе биде на сила до четврток. пренесе …

Бури и поплави на југот на Франција Read More »