Без Косово, Албанија се повлекува од „мини шенген“


Доколку Косово не биде вклучено во планот за „мини шенген “ на Балканот, Албанија најави повлекување од оваа иницијатива.
Како што вели министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, вклучувањето на Приштина во регионалниот „мини шенген“ е суштински услов на премиерот на Албанија Еди Рама и за тоа нема да преговара.
Дополнително, официјална Тирана смета дека во проектот за подобра и полесна трговска соработка треба да влезат и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Албанскиот министер смета и дека терминот „мини шенген“ треба да се промени. Инаку, во Македонија веднаш по најавата за „мини шенген“ реагираше бизнис заедницата која смета дека земјава нема воопшто да профитира од ваквите трговски олеснувања.