Човек се затвори во музеј во Франција, се заканува на арапски


Француската полиција соопшти дека маж се затворил во музеј на југот на Франција и се заканува на арапски јазик.

Во тек е полициска интервенција која почна утрово во Сан Рафаел во Вар на југот на Франција, јави Ла паризиен повикувајќи се на националната полиција.

Како што се наведува, барем еден човек е затворен во археолошкиот музеј во Сан Рафаел.