Велика Британија: Во камион најдени тела на 39 мажи, уапсен возачот


Во контејнер на камион во Есекс, пронајдени се тела на 39 мажи, а поради сомнеж дека сторил убиство уапсен е 25-годишниот возач на камионот, по потекло од Северна Ирска.
Камионот со телата, за кој е утврдено дека стигнал од Бугарија во неделата, откриен е рано утрово во индустрискиот парк „Вотерглејд“ на Источната авенија, пренесе Би-би-си.
Полицијата на Есекс соопшти дека меѓу пронајдените тела било и тело на еден тинејџер.