Бури и поплави на југот на Франција


 

Бури и обилни врнежи од дожд забележани се утрово на југот на Франција и предизвикаа поплави во некои градови во тој регион.

Француската метеоролошка служба предупреди дека бурата може да потрае до утре, пренесува Ројтерс.

невремето почна во вторникот вечерта, а поради јачината портокалов аларм на предупредување ќе биде на сила до четврток. пренесе порталот „Локал Франс“.

издадено е и предупредување за патувања поради можноста реките да се излеат од своите корита, а на граѓаните им е советувано без потреба да не излегуваат од дома.